CARTIMARE капсули, 80 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




CARTIMARE капсули, 80 капсули


  • Шифра: 0011461
1.330 ден.

CARTIMARE капсули, 80 капсули.

CARTIMARE МСМ претставува додаток во исхраната и идеално избалансирана природна формула која ја хармонизира функцијата на мускулно-скелетниот систем. 
Содржи високо вредни активни компоненти: 
Екстракт од Новозеландска зеленоусна школка (Perna Canaliculus) со висок процент на омега-3 масни киселини и е природен извор на глукозамин и хондроитин сулфат. Токму поради консумирање на оваа школка, кај Маорите - староседелци на Нов Зеланд е забележана најниска стапка на артрозни болести во светот.

Ефикасно ги спречува воспалителните процеси преку инхибирање на ензимот (COX) cyclo-oxigenaza, кој има улога во создавањето на инфламаторните простагландини.
Содржината на glycosaminoglycan во екстрактот на новозеландската зеленоусна школка е исклучително важнa, бидејќи овие полисахариди се користат во организмот за биосинтеза на протеогликани. Протеогликаните имаат афинитет кон молекулите на вода во зглобовите со кои се врзуваат и формираат големи молекули кои го исполнуваат просторот во зглобовите. Задачата на овие големи комбинирани молекули е да делуваат како шок абсорбенти и лубриканти во зглобот.

Рскавица од ајкула поседува силен имуностимулативен потенцијал со што ги штити клетките од дегенерација и мутагенеза. МСМ содржи органски врзан сулфур, кој е составна компонента на протеините од кои се изградени коските, мускулите, тетивите и лигаментите и има моќ за активно зајакнување на имунитетот со силно антивоспалително дејство, со што го забрзува процесот на излекување.


Употреба: CARTIMARE МСМ треба да се користи редовно, континуирано со дневна доза од 2 x 2 капсули (минимум 3 месеци ), а потоа подолг период со 2 капсули наутро без несакани ефекти и контраиндикации.