COLLAGEN FORTEX 11500 PLUS ќесички, 30 ќесички
- Шифра: 1005868
- Производител: FORTEX
COLLAGEN FORTEX 11500 PLUS ќесички, 30 ќесички.
Која е намената на КОЛАГЕН ФОРТЕКС 11500 ПЛУС
- Придонесува за нормално формирање на сврзното ткиво.
- Го поддржува формирањето на колаген за нормална функција на коските, ‘рскавицата и кожата.
- Придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Колаген Фортекс 11 500 Плус е иновативна комбинација за одржување на нормални ткива и ‘рскавица.
Колагенот е главна компонента во структурата на сврзното ткиво на телото.
Витаминот C е вклучен во формирањето на колаген, за нормална функција на коските и ‘рскавицата. Придонесува за нормален енергетски метаболизам и за намалување на чувството на исцрпеност и замор.
Манганот е минерал кој е вклучен во многу ензимски системи во телото и е важна компонента на исхраната. Според Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), внесот на манган придонесува за:
-заштита на клетките од оксидативен стрес и на тој начин придонесува за нормален метаболизам на масни киселини;
– одржување на нормални коски;
– нормален метаболизам и производство на енергија (енергетски метаболизам);
– придонесува за нормално формирање на сврзното ткиво.
Како да се земе КОЛАГЕН ФОРТЕКС 11 500 ПЛУС
1 ќесичка дневно. Содржината на ќесичката во мали порции сипете ја во околу 150 ml топла течност – вода, чај или млеко, добро промешајте додека смесата целосно не се раствори и испијте веднаш.