За нас :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




За нас

ПОЛИТИКА И ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА АПТЕКИ ВИА ФАРМ

1. Што е Политиката на ВИА ФАРМ Аптеките

Овој документ ја содржи Политиката  на нашата компанија. Ја дефинира Мисијата, Визијата и Главните Цели на Аптеки ВИА ФАРМ. Тој претставува основен документ, наменет за сите вработени,  со цел да се воспостави заеднички пристап, разбирање и рамка за работењето на фирмата. Како таква, таа претставува основа за подобрување на интегрираниот систем на менаџирање на компанијата а со цел да се остварат корпоративните цели и стратегии на истата.

Јасната Визија, Мисија  и цели на компанијата се основна определба на нејзиниот менаџмент и нејзините вработени. Тоа се гледа во напорот да се примени интегриран пристап кон работењето, заснован на процес на носење на одлуки базирани на претходни анализи на состојбите и потребите на корисниците, како и партнерски однос со добавувачите на лекови и медицински средства, се со цел да се пружи квалитетна услуга на нашите потрошувачи и да се оствари главното мото на нашата работа –ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!.

2. Мисија и Визија на ВИА ФАРМ

ВИА ФАРМ е растечка, модерна и социјално-одговорна Аптека, која постигнува значајни резултати во своето работење и постојано се стреми кон подобрување на услугите и опсегот на својата работа. Во центарот на своето работење, ВИА ФАРМ Аптеки ја има грижата кон пациентите и нивното здравје. За таа цел  Аптеките ВИА ФАРМ се посветени на пружање на професионална услуга во согласност со Постоечките стандарди на работење, професионален и етички однос кој овозможува достапност до квалитетни и разновидни лекови, кои ги задоволуваат потребите на пациентите. 

ВИА ФАРМ е аптека каде вработените, водени од желбата за професионално работење и грижа за пациентите, се стремат кон постојано учење и градење на нивните капацитети и работни практики, и за таа цел ги користат можностите што ги нуди ВИА ФАРМ, вклучувајќи и пристап до нови информации, стручни презентации и информативни билтени. 

Ние се стремиме да останеме општествено одговорна и етична компанија, и за да ги одржиме нашите вредности, нашите напори се фокусирани на  следниве  клучни принципи: 

2.1. Грижа за нашите пациенти

Нашите пациенти се суштината на нашата работа. Ние ги обезбедуваме нашите клиенти со висококвалитетни и разновидни лекови и медицински средства, коишто ги исполнуваат најсовремените медицински стандарди. Нудиме не само квалитетни медицински средства, туку и информации и совети поврзани со нив кои им помагаат на нашите пациенти да го подобрат своето здравје. Нашата услуга е во согласност со високите професионални и морални практики и стандарди.  

Затоа, се стремиме кон следниве цели:

А) Пациентите се секогаш услужени на најпрофесионална начин.

Б) Пациентите, при добивање на услуга побарана од Аптеките ВИАФАРМ, секогаш добиваат адекватен совет и информација поврзана со користење на лековите и медицинските препарати набавени во Аптеките.

В) Пациентите секогаш се чувствуваат згрижени, добредојдени и задоволни од добиената услуга, однесувањето на вработените и квалитетот и разноликоста на лековите и медицинските средства. 

2.2. Грижа за квалитетот и достапноста на лекови и медицински средства

Нашиот бизнис-пристап е да се работи професионално и да се овозможи достава на лекови и медицински помагала кои одговараат на потребите на нашите клиенти. Ние ги следиме модерните медицински и фармацевтски текови, и имаме добро-воспоставен систем на идентификација на потребите за лекови на нашите клиенти, нивна набавка, чување и испорака. 

Затоа, се стремиме кон следниве цели:

А) ВИА ФАРМ Аптеките се секогаш снабдени со најнови, најквалитетни и најразновидни лекови

Б) Лековите и медицинските средства во Аптеките ВИА ФАРМ се секогаш адекватно складирани, чувани и издадени, во склад со релевантните прописи за чување, складирање и изложување на лекови и медицински средства.

2.3. Грижа за своите вработени и нивните права и обврски 

ВИА ФАРМ Аптеките го препознаваат, ценат и охрабруваат квалитетот , иновацијата и континуираното образование, како и етичките и  морални вредности на своите вработени. За таа цел, ние постојано ги подобруваме работните услови, придобивките за нашите вработени и системот за наградување на истите. Истовремено, ние се фокусираме на подобрување на ефикасноста на нашето работеше и на нашата внатрешна организација и процеси на работа. 

Затоа, се стремиме кон следниве цели:

 А) Вработените во Аптеки ВИА ФАРМ ги задоволуваат сите пропишани услови и стандарди за професионално работење

Б) Вработените во Аптеки ВИА ФАРМ поседуваат етички и морални вредности како и професионални стандарди давајќи адекватна грижа кон пациентите

В) Капацитетите и работните способности на вработените во ВИА ФАРМ постојано се унапредуваат и развиваат.

Г) Менаџирањето на Аптеките ВИА ФАРМ се заснова на високи стандарди, претходно дефинирани организациони процеси и процедури  и овозможува раст и напредок на фирмата за реализирање на работата и постигнатите резултати на вработените.

2.4. Грижа за заедницата и социјалната одговорност    

Водени од професионални,  етички и морални вредности кои го препознаваат значењето на превенција од болести, здрави животни навики и потребата од постојана едукација на нашата заедница околу превенцијата на болести, ние целиме да бидеме социјално-одговорна компанија. 

Затоа, се стремиме кон следниве цели:

А) промоција на здрави животни навики кај населението преку предавања и директни средби со граѓаните,

Б) Изработка и ширење на стручни информации за здравјето кај луѓето преку нашето Списание.

Ц) Промоција на здрави животни навики кај најмладите преку подршка на  Посреќно детство, во соработка со Црвен Крст. 

3.  Начин и модалитети на реализација на горенаведените цели 

За реализација на горенаведените цели ВИА ФАРМ Аптеки ќе донесе и имплементира соодветни процедури и воспостави организациски процеси. Специфично, ВИАФАРМ Аптеки ке ги донесе и имплементира следниве стандарни оперативни процедури:

1. СОП за Идентификација на Потребни Лекови и Медицински Средства, Нарачка, Прием, Складирање и Чување на лековите и медицинските средства:

2. СОП за Издавање на лекови и медицински средства.

3. СОП за  Одржување на Хигиена во Просториите на Аптеките и на Вработените.

4. СОП за Градење на стручни капацитети и надградба на вработените

Горенаведените стандардни оперативни процедури ке бидат претходно дискутирани и усогласени со сите вработени и ќе ги следат најновите стандарди и добри практики од работа на фармацевтските компании.

4. Важење на Политиката

Оваа политика стапува на сила од моментот на прифаќање од страна на менаџментот и ќе биде задолжителна за сите вработени. Модификација и промена на целите на оваа Политика може да се изврши по согледувања кои би иницирале потреба за такво нешто.