Revmatol таблети, 30 таблети
- Шифра: 0021126
- Производител: MedEq
Revmatol таблети, 30 таблети.
Колаген тип II, хондроитин и глукозамин сулфат се основните компоненти на здравото ткиво на ‘рскавицата. Revmatol® ги обезбедува микро и макромолекуларните градежни блокови потребни за регенерирање на ткивото на ‘рскавицата.
Глукозаминот и хондроитинот го забавуваат процесот на стеснување на просторот во зглобот предизвикан од разни болести и ги подмачкуваат, што овозможува подобри движења и флексибилност.
Хидролизираниот колаген II е исклучително богат извор на примарни амино киселини потребни за одржување на виталноста и зачувување на сврзното ткиво.
Секојдневната примена на Revmatol обезбедува ефективни дози на витамини и минерали кои го помагаат метаболизмот на хондроцитите (‘рскавичните клетки), интегритетот на екстрацелуларната ‘рскавица матрикс (просторот помеѓу клетките) и внатрешниот одбранбен антиоксидативен систем.
Слободните радикали формирани како производ на метаболизмот се поврзани со развој на болести на зглобовите (остеоартритис, ревматоиден артритис), а антиоксидансите од
Revmatol® помагаат да се неутрализираат и да се намалат нивните штетни ефекти.
Revmatol® обезбедува оптимална доза на екстракт од корен од ѓумбир и екстракт од шипка за да помогне во намалувањето на воспалението на зглобовите.
За кого се препорачува Revmatol?
Revmatol е наменет за возрасни со вкочанетост на зглобовите и остеопоротична болка. Може да се користи како додаток на вообичаените терапии што се користат за лекување на болести на зглобовите и други сегменти од програмата за третман што вклучува соодветна исхрана, вежбање и контрола на тежината.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
Употреба:
1-2 таблети на ден или како што е препорачано од вашиот лекар. Продолжете да го земате Ревматол онолку долго колку што советува вашиот лекар. Ако заборавите да земете доза Ревматол, не земајте двојна доза, туку продолжете со вашиот редовен режим.