Efekta Калциум + Д3 со вкус на лимон и лимета, 20 шумливи таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Efekta Калциум + Д3 со вкус на лимон и лимета, 20 шумливи таблети


  • Шифра: 1009835
190 ден.

Efekta Калциум + Д3 со вкус на лимон и лимета.

Efekta Калциум + Д3 шумливите таблети се витаминско-минерален додаток во исхраната кој дејствува корисно на коскено-мускулниот систем благодарение на присуството на оптимални дози калциум и витамин Д3. Допринесуваат во одржување на правилна функција на мускулите, коските и забите, како и во одржувањето на нормално ниво на калциум во крвта.

Природна арома на лимон и лимета, без шеќер.

Една шумлива таблета содржи:

Калциум 400mg
Витамин Д3  5 µg

Калциумот сочинува 1-2% од телесната маса и претставува најзастапениот минерал во човечкиот организам. Заедно со фосфорот и магнезиумот ја сочинуваат основната компонента на коските. Покрај структурната улога има функција и во одржување на работата на срцето, процесот на коагулација на крвта, контрола на крвниот притисок, ја овозможува мускулната контрактилност, активација на хормони, ензимски реакции и пренос на нервни импулси.

Витамин Д е липосолубиулен витамин кој е неопходен за регулирање на метаболизмот на калциум во организмот. Неопходен е за ресорпција на калциумот од дигестивниот тракт, за негово вградување во коските и забите, како и за одржување на концентрацијата на калциум во крвта. Освен тоа, витамин Д поседува имуномодулаторни својства, значаен е за одржување на нормална функција на мускулите.

Efekta Калциум + Д3 шумливите таблети се витаминско-минерален додаток во исхраната со калциум и витамин Д3, кои допринесуваат за:

- Одржување на нормални коски и заби.
- Правилна функција на мускулите
- Нормална апсорпција на калциум и фосфор и нормално ниво на калциум во крвта
- Правилна функција на имуниот систем
- Нормално одржување на енергетскиот метаболизам.


Возрасни и деца постари од 12 години:

Една таблета дневно да се раствори во чаша вода (200mL) и да се испие.