UNItears капки за око 10 ml
- Шифра: 1007851
UNItears капки за око.
Офтамолошки раствор без конзерванси кој содржи хипромелоза и декспантенол како главни компоненти.
Наменет е да создаде привремен заштитен филм на рожницата на окото при недоволно создавање на солзи, со што ја хидрира и заштитува површината на окото во состојби поврзани со симптоми на суво око и кај пациенти со мали ерозии на рожницата.
- Влажнење и хидратација на очите
Формира привремен заштитен филм на рожницата и конјунктивата, намалувајќи го испарувањето на солзите и со тоа спречувајќи понатамошно оштетување на површината на окото предизвикано од недостаток на солзна течност. Хидратантниот и заштитниот ефект на производот служи како замена за недоволното производство на солзи.
- Регенерација на очната површина
Декспантенолот, кој се користи како адитив, помага во побрза регенерација на клетките на површината на рожницата и конјунктивата по повреда на окото или операција.