Bodyfex Glucosamin Plus таблети, 30 таблети
- Шифра: 1010100
Bodyfex Glucosamin Plus таблети.
Првата патентирана веганска форма на глокозамин во светот, добиенa со револуционерен процес на директна ферментација на глукоза добиена од пченка без ГМО, без употреба на органски растворувачи, наместо школки како суровина. EFSA евалуацијата потврдува дека веганската форма на глукозамин е биоеквивалента форма на глукозаминот добиен од школки, во однос на нутритивна вредност, биорасположливоста и примената, што го прави производот погоден за пациенти алергични на школки и морска храна. Кристалната форма на глукозамин (HCL) содржи поголема концентрација на чист глукозамин (~80%) во однос на другите форми (~60%).
Глукозамин е ендогена молекула која природно се наоѓа во зглобовите, ‘рскавицата, ‘рбетните дискови… Сврзните ткива на телото нормално продуцираат глукозамин и други протеогликани кои што служат како лубриканти на мускулоскелетниот систем. Доколку оваа нормална продукција е нарушена (како што е пример со возраста) се појавува дискомфорт и болка во зглобовите, при што се препорачува суплементација со глукозамин, којшто дополнително ја стимулира и ендогената продукција во телото.
OptiMSM (патентиран methylsulfonylmethane) е органска форма на сулфур, со најголем процент на чистота на пазарот. MSM (метилсулфонилметан) е органско, водорастворливо сулфурно соединение кое природно се наоѓа во човечкото тело, особено во зглобовите, мускулите, кожата, ноктите и косата. Сулфурот е минерал кој што учествува во многу физиолошки процеси и градбена единка за клучните молекули кои го сочинуваат сврзното ткиво низ целото тело, вклучувајќи го ткивото на зглобовите и кожата. Сулфурот е исто така има учество во еден од најзначајните антиоксидантни одбранбени системи на нашето тело, кој ни помага да се заштитиме од оксидативен стрес и слободни радикали.
Кај пациентите со деградација и инфламација на зглобовите се забележани ниски нивоа на MSM. Поради тоа е потребна суплементација со МСМ кој што ниво на сврзните ткиво и зглобовите делува синергистички со глукозаминот, хондротинот и другите протеогликани.
Phytodroitin е комплексна мешавина од екстракти од алги (морска зелена салата (Ulva lactuca), морска трева (Fucus vesiculosus) за кои е докажано дека ја имитираат мукополисахаридната структура на хондроитинот. Phytodroitin е растителна алтернатива за хондроитинот добиен од животинско потекло (од ‘рскавица од ајкула, говеда, свињи или птици). Хондроитин е структурна компонента на ‘рскавицата која што делува како амортизер околу зглобовите кај луѓето. Задачата на хондроитинот е да ја зголеми нејзината еластичност.
Phytodroitin има студија за биоеквиваленција со животинскиот хондротитин. Nottingham Trent University (NTU) ја истражува, споредува и докажува биоеквивалентната мукополисахаридна структура на Phytodroitin со традиционалниот хондроитин добиен од ‘рскавица на ајкула користејки FTIR спектрометрија.
Кај пациентите со оштетување на ‘рскавицата и инфламација на зглобовите предизвикани од возраста или зголемени физички и атлетски перформаси се забележани ниска продукција на ходнротитин и поради тоа е потребна суплементација со Phytodroitin како растителна алтернатива кој што на ниво на сврзните ткиво и зглобовите делува синергистички со глукозаминот, МСМ и другите протеогликани.
Производот не содржи состојки од животинско потекло.
Дозирање: 1-2 таблети дневно, за возрасни.
Да не се надминува дневната препорачана доза.
Да се чува подалеку од дофат на деца.
Додатоците во исхраната не се замена за разновидна и балансирана исхрана или здрав начин на живот.