Dr. Viton Retinox Serum 30 милилитри :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Dr. Viton Retinox Serum 30 милилитри


  • Шифра: 0020641
  • Баркод: 5319991795457
  • Производител: Dr.Viton
600 ден.

RETINOX серумот содржи ретинол во висока концентрација од 2.5%. Ретинолот има статус на најефикасна состојка во борба против брчките и неправилностите на кожата. Неговата ефикасност е докажана преку бројни научни истражувања и се смета за златен стандард за нега на кожата кај дерматолозите.

Кои се бенефитите за кожата од  RETINOX серумот?

  • Главниот бенефит од серумот е подмладена кожа. Ретинолот стимулира создавање на колаген и еластин со што кожата се затегнува. После 12 недели употреба брчките се намалуваат за 34,2>#/b### .
  • Ја намалува хиперпигментацијата на кожата , го изедначува тенот, ги избелува флеките.
  • Jа нормализира работата на лојните жлезди и ја намалува појавата на акните.
  • Ја ексфолира кожата на клеточно ниво, па кожата на површина комплетно се менува со нова, млада и свежа кожа

Формулата е збогатена со супер ефикасни состојки кои во симбиоза со ретинолот прават вистински чуда за кожата:

  • Хијалуронска киселина
  • Екстракт од органска Готу кола
  • Екстракт од органски Зелен Чај
  • Масло од Јојоба

Активни Состојки:

  • Retinol (2.5%)
  • Botanical Hyaluronic Acid
  • Organic Jojoba oil
  • Organic Green Tea Extract
  • Organic Gotu Kola Extract

Нективни Состојки:

  • Hydroxyethyl Ethylcelluose
  • Carrageenan gum
  • Phenoxyethanol


Начин на употреба: Измијте го лицето и со тапкање исушете ја кожата. Доколку користите тонер, прво аплицирајте го тонерот. Со врвовите на прстите нанесете мала количина од серумот на целото лице, вратот и деколтето. Почекајте да се исуши, потоа нанесете хидратантна крема. Користете ја навечер.

За корисниците што не користеле досега ваков тип на серум, треба да го нанесуваат преку еден ден.
Претпазливост и предупредувања:
Само за надворешна употреба. Прекинете со употреба доколку се појави црвенило или иритација на кожата. Да се чува подалеку од дофат на деца, на ладно и суво место. За време на бременост и доење пред употреба консултирајте се со фармацевт поради пречуствителноста на кожата во тој период.

Dr.Viton

Dr.Viton