Embryolisse ПРОМОТИВЕН СЕТ :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Embryolisse ПРОМОТИВЕН СЕТ


  • Шифра: 1010175
  • Производител: Embryolisse
1.759 ден.

Embryolisse ПРОМОТИВЕН СЕТ.

Сетот содржи:

1. Embryolisse Lait-Creme Multi-Protection SPF20 40ml.

Млечен хидратантен крем кој овозможува хидратација во 7во1 мулти-заштитна/повеќенаменска формула. Секојдневна нега, подлога за шминка, нега за после бричење, УВА/УВБ заштита, заштита од сина светлина и инфрацрвени зраци, заштита од загадување и превенција од стареење. Ја обвива кожата со невидлива сатенска обвивка, идеално за секојдневна заштита. Со секојдневна употреба кожата го враќа сјајот и еластичноста. Кожата е блескава и убава.

 Некомедогено. За сите типови на кожа. Соодветно за чувствителна кожа. Дерматолошки тестирано. Без парабени. Главни активни состојки: Широк спектар на сончеви филтри (УВА/УВБ-ИНФРАЦРВЕНА-СИНА СВЕТЛИНА) алое вера, соја протеини, ши путер, пчелин восок.

2. Embryolisse Radiant Eys стик за блескаво подрачје околу очите 4,5g.

Тајната на make-up артистите за моментална блескавост во подрачјето околу очите, која го истакнува погледот и ја потенцира убавината на очите.Обновувачки, хидратантен ботанички комплекс за ефект на блескава и посветла кожа во подрачјето околу очите. Богат со полисахариди, витамин ПП, алое вера и глицерин, делува на намалување на темните кругови и подочниците. Без парабени. Без мирис. Дерматолошки тестирано. Употреба: Нанесете секојдневно наутро и навечер, со кружни движења од внатрешниот кон надворешниот дел на окото. За интензивни резултати постапката може да се повтори.


Embryolisse

Embryolisse