Flosica CIRCULATIO капсули, 30 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Flosica CIRCULATIO капсули, 30 капсули


  • Шифра: 1009563
750 ден.

Flosica CIRCULATIO капсули, 30 капсули.

Додаток во исхрана формулиран со комбинација од пет лековити билки кои природно го подобруваат протокот на крв и го поддржуваат нормалното снабдување со кислород и хранливи материи во мозокот, ушите, мрежницата и екстремитетите.
Неговата формулација придонесува за зајакнување на ѕидовите на крвните садови и капиларите, има антивоспалително и силно антиоксидативно дејство и помага да се спречи стеснување на крвните садови.

Flosica Circulatio придонесува за подобра меморија, концентрација, намалување на вртоглавица, тинитус и симптоми поврзани со слаба периферна циркулација.

Состојки

- Боровинка (Vaccinum myrtillus proanthocyanidins 25%) = 100 mg Помага во заштита на крвните садови од оштетување. Има антиоксидантно дејство. Помага во заштита на видот и го одржува здравјето и функцијата на очите.
- Гинко билоба (Ginkgo biloba 24%) = 50 mg Помага во снабдувањето на крв во мозокот, ушите, мрежницата (ретината) и екстремитетите. Помага за подобра меморија и концентрација.
- Рузмарин (Rosmarinus officinalis rosemary 5%) = 60 mg Придонесува во намалување на стресот.
- Ајдучка трева (Achillea milefolium 10:1) = 100 mg Придонесува при гастроинтестинални тегоби. Ја подржува ексреторната функција на бубрезите.
- Маточина(Melissa officinalis 5%) = 50 mg Помага во ублажување на благи симптоми на стрес и помага во спиењето. Помага при дигестивни нарушувања.


Начин на употреба

За возрасни по 1 (една) капсула до 2 (два) пати на ден после оброк.

Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Да не го употребуваат лица помали од 18 години и бремени жени. Додатоците во исхрана не се замена за балансирана и здрава исхрана.