Efekta Мултивитамин + минерали со вкус на портокал и мандарина, 20 шумливи таблети
- Шифра: 1010004
Efekta Мултивитамин + минерали со вкус на портокал и мандарина, 20 шумливи таблети.
Витаминско-минерален додаток во исхрана што содржи комбинација од 100% препорачан дневен внес на 10 витамини како и 3 минерали кои со синергистичко дејство ја обезбедуваат потребната енергија за секој ден. Активните состојки на Ефекта Мултивитамин комплексот допринесуваат за правилна функција на имуниот и нервниот систем, намалување на уморот и исцрпеноста и заштита на клетките од оксидативен стрес.
Природна арома на портокал и мандарина, без шеќер.
Биотин е неопходен за метаболизам на глукоза и синтеза на масни киселини. Освен што допринесува за нормален метаболизам на макронутриенти, биотин е значаен за нормално функционирање на нервниот систем, како и за одржување на нормална коса, кожа и слузокожа.
Витамин Б6 има значајна улога во функционирање на нервниот систем затоа што е неопходен за синтеза на невротрансмитери. Неопходен е за создавање на δ-аминолевулинска киселина, синтеза на хем, како и за метаболизам на фолна киселина.
Витамин Б12 влегува во состав на нервните клетки, и е неопходен за одржување на нормалните функции на централниот нервен ситем.
Витамин Б3 или ниацин учествува со бројни биохемиски реакции.
Фолната киселина е од витално значење за формирање на црвени крвни клетки и клеточна делба. Потребите за овој витамин се зголемени во период на брз раст.
Витамин Ц е хидросолубилен витамин кој има бројни улоги во организмот. Овозможува формирање и одржување на колагенот кој се наоѓа во структурната компонента на кожата, лигаментите и коските. Допринесува при зараснување на рани, зачувување на нормалните функции на капиларите, гингивите и забите.
Витамин Е како најважен липосолубилен антиосиданс ги штити мембраните одоксидативни оштетувања.
Калциумот покрај структурната улога, има функција и во одржување на работата на срцевиот мускул, во процесот на коагулација на крвта, во контрола на крвниот притисок. Овозможува мускулна контрактилност, активација на хормони, енизмски реакции и пренос на нервни импулси.
Магнезиум има улога во одржување на нервната спроводливост, одржување на тонусот на крвните садови и релаксација на мускулите.
Шумливите таблети допринесуваат за:
- Правилна функција на имуниот систем (Витамини Б6, Б9, Б12, Ц и цинк)
- Намалување на уморот и исцрпеноста (витамини Б2, Б6, Б9, Б12, Ц, Б5 и магнезиум)
- Нормално функционирање на нервниот систем (витамини Б1, Б2, Б6, Б12, Ц, биотин и магнезиум)
- Правилна психолошка функција (витамини Б1, Б6, Б9, Б12, Ц биотин и магнезиум)
- Заштита на клетките од оксидативен стрес (витамини Б2, Ц, Е и цинк)
- Одржување на нормален енергетски метаболизам (витамини Б1, Б2, Б6, Б12, Ц, биотин, Б5, калциум и магнезиум)
- Правилна функција на мускулите (калциум и магнезиум).
Возрасни и деца постари од 14 години:
Една таблета дневно да се раствори во чаша вода (200mL) и да се испие.