RecoForte, 30 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




RecoForte, 30 капсули


  • Шифра: 1006724
1.499 ден.

RecoForte.

RecoForte капсулите се граничен производ со ензимот серапептаза, бактериски протеолитички ензим изолиран од култивирани Serratia бактериски врсти присутни во интестинумот на свилената буба. 
Гастрорезистентните капсули овозможуваат поминување низ желудникот без растворање и губење на активноста во кисела средина. Ензимската активност на серапептазата е ефикасна и единствена, а при тоа има одличен безбедносен профил. 
Серапептаза е антиинфламаторен агенс кој заради таа своја особина се користи во терапија на артритис, синузитис, спортски повреди, фиброцистични промени на дојките, а може да помогне и после хируршки операции, во терапија на едеми и отоци, болка кај инфламаторни процеси, болка во грбот и зглобовите.
Особено се користи во стоматологија, после вадење на заби и после ортодонтски зафати и операции. 
Чест додаток е на антибиотска терапија, бидејќи се смета дека го потенцира дејството на антибиотикот олеснувајќи го делувањето со спречување на создавање на биофилм, кој го отежнува дејството на самиот антибиотик.


Употреба:

Еднаш дневно да се испие една гастрорезистентна капсула со чаша со вода, на празен стомак (најдобро еден час пред оброк или два часа после оброк).