Flosica NEURO.
Додаток во исхрана со напредна формула создадена за природна поддршка на нормалното функционирање на нервниот систем.
Содржи комбинација од 5-хидрокситриптофан (екстракт од семето Griffonia simplicifolia), витамин Б6, фолна киселина (Б9), кантарион, хмељ и гинко билоба – состојки кои заедно влијаат на подобро расположение, намалување на стрес и анксиозност и на подобра концентрација.
5-HTP делува како природен претходник на серотонинот, додека витамините Б6 и Б9 придонесуваат за нормална нервна функција, помал замор и подобра психичка издржливост.
5-Хидрокситриптофан (Grifonia seed extrakt 98%) = 100 mg Помага во создавањето на серотонинот или хормонот на среќа. Учествува во подобрување на расположението, контрола на апетитот, одржување на сонот.
Гинко билоба (Ginkgo biloba 24%) = 40 mg Придонесува за нормална циркулација на крвта што е поврзана со перформансите на мозокот. Помага во периферната циркулација на крвта.
Кантарион (Hypericum perforatum 0,3%) = 163 mg Придонесува за емоционална рамнотежа. Придонесува за оптимална релаксација. Помага во одржување на здрав сон. Помага во одржување на позитивно расположение.
Витамин Б6 (Piridoxin Vit B6) = 6 mg Придонесува за нормална функција на нервниот систем, за нормална психолошка функција и придонесува во намалување на заморот и исцрпеноста.
Фолна киселина Б9 (Folic acid) = 0,6 mg Придонесува за нормална функција на нервниот систем, за намалување на чувството на замор и исцрпеноста, за нормална психолошка функција и придонесува за нормална синтеза на аминокиселините.
Хмељ (Humulus lupulus 10:1) = 50 mg Има смирувачки ефект врз нервниот систем.
За возрасни по 1 (една) капсула на ден после оброк.
Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Да не го употребуваат лица помали од 18 години. Додатоците во исхрана не се замена за балансирана и здрава исхрана.