HYDROSTAR, 20 шумливи таблети
- Шифра: 1001158
- Производител: Esensa
HYDROSTAR, 20 шумливи таблети.
Шумливите таблети се наменети за приготвување на раствор кој врши диететско регулирање кај лесни и средно тешки форми на дехидратација на организмот.
Со растворање на ORS Hydrostar шумливите таблети во вода, се добива орален рехидратационен раствор на соли и глукоза со вкус на малина, кој се користи при дијареа, повраќање, прекумерно потење предизвикано од висока телесна температура, интензивно или долготрајно вежбање или од престојување во премногу топла или премногу сува околина.
Исто така, ORS Hydrostar шумливите таблети може да се користат и кај зголемена потреба на вода и електролити настаната поради диуретското дејство на алкохолните пијалоци.
Возрасни и деца постари од 11 години:
1 таблета да се раствори во 120 ml (половина чаша) вода.
Препорачана дневна доза е 4 таблети дневно.
Добиениот раствор да се консумира полека и често, при првите знаци на губење на течности (во случај на повраќање, дијареа или висока температура), во тек на целиот период на траењето на симптомите, односно при секој напорен тренинг или активност пропратени со зголемена потреба за вода и електролити поради прекумерно потење.