BIODERMA SENSIBIO AR+ CC SPF50+ тониран хидратантен крем 40ml
- Шифра: 1009502
- Производител: BIODERMA
BIODERMA SENSIBIO AR+ CC SPF50+ тониран хидратантен крем 40ml.
Тониран хидратантен крем, против црвенило
Sensibio AR+ CC Cream SPF50+ е дневен дерматолошки производ со покривна моќ наменет за реактивна кожа со црвенило. Го изедначува тенот и ја штити кожата од УВ зраци. Екслузивниот ROSACTIV 2.0 патент го намалува црвенилото, непријатноста и чувството на печење на кожата благодарение на:
– Невро-смирувачка состојка која помага во намалувањето на прекумерната нервна реакција,
– смирувачки полисахарид, биомиметички активна состојка која помага да се ограничи прекумерната активација на природниот имунитет,
– DAF™ (Дерматолошка напредна формула) технологија која го зголемува прагот на толеранција за чувствителна кожа.
Формулацијата содржи капсулирани пигменти кои се ослободуваат при нанесување на кремот и се прилагодуваат на кожата. Белата нијанса станува нијансирана и остава природен финиш.
Дерматолошки тестиран производ.
Употреба: Се нанесува наутро на кожа измиена со Sensibio чистач.