KANOIL REBALANCE 10% CBD, маслен раствор 10 ml
- Шифра: 000149
- Производител: Replek
KANOIL REBALANCE 10% CBD, маслен раствор 10 ml.
KANOIL REBALANCE е маслен раствор, со висока концентрација на канабидиол (CBD) – 1000 mg CBD во 10 ml масло. KANOIL REBALANCE содржи маслен екстракт кој е добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението канабис или коноп. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува висок квалитет на маслениот екстракт. Eкстрактот e со докажано отсуство на пестициди и хербициди.
Позитивни ефекти при употреба на KANOIL REBALANCE се манифестираат при:
-Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија;
-Замор и несоница;
-Невропатска болка и невралгии;
-Гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања;
-Нарушен баланс на цревната флора;
-Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пр. предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер);
-Мускулни спазми;
-Епилептични синдроми во детска возраст.
Може да се употребува и за:
-Превенција на кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно;
-Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта);
-Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес;
-Може позитивно да делува при различни состојби на кожата;
-Подобрување на општа здравствена состојба при Паркинсонова болест;
-Ублажување на когнитивни нарушувања при Алцхајмерова болест;
-Позитивно влијание при појавување на симптоми на Кронова болест;
-Намалување на воспаление и болка при ревматоиден артритис;
-Општа поддршка на здравјето и имуниот систем.
KANOIL REBALANCE не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.
Пред употреба треба добро да се протресе.
Со пипетата капнете ги капките под јазик и задржете ги приближно 60 секунди, потоа голтнете.
Возрасни и деца над 14 години: Препорачана доза е 6 капки, двапати дневно (околу 48 mg CBD дневно).
Деца до 14 години: Препорачана доза е 1–2 капки еднаш дневно (4–8 mg CBD дневно).