Novalac Rice AR храна за посебна медицинкса потреба 400g :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Novalac Rice AR храна за посебна медицинкса потреба 400g


  • Шифра: 1009412
  • Производител: Novalac
935 ден.

Novalac Rice AR храна за посебна медицинкса потреба 400g.

Novalac Rice AR  е храна за посебна медицинска намена за доенчиња и мали деца преосетливи на протеини на кравјо млеко, со или без региргитација. 

Novalac Rice AR е од растително потекло и може да се користи како единствена храна до 6-месечна возраст на доенчето. По 6-тиот месец, Novalac Rice AR може да се користи како дел од разновидна исхрана.
Novalac Rice AR е храна за посебни медицински намени, содржи хидролизат од оризови протеини и не содржи лактоза. Храната е погодна за доенчиња со алергија на протеини од кравјо млеко бидејќи ги ублажува симптомите поврзани со оваа алергија: дијареја, запек, прекумерно плачење, грчеви, чешање на кожата, атопичен дерматитис и овозможува раст и развој како кај доенчиња без алергии.
Novalac Rice AR е единствената храна од растително потекло на пазарот со иновативниот згуснувач PAX® комплекс, кој ефикасно ја намалува регургитацијата, помага во нормализирање на столицата (дијареја или запек), го подобрува расположението, го намалува плачењето, го подобрува сонот и со тоа позитивно влијае врз квалитетот на семејниот живот.
Novalac Rice AR ги содржи сите хранливи материи потребни за правилен раст и развој на детето.


Novalac

Novalac