KANOIL RELIEVE 30% CBD OIL 10ml
- Шифра: 1009394
- Производител: Replek
KANOIL RELIEVE 30% CBD OIL 10ml.
KANOIL RELIEVE е маслен раствор со висока концентрација на природен канабидиол (CBD) – 3000 mg во 10 ml масло. KANOIL RELAX содржи маслен екстракт кој е добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението канабис или коноп. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува висок квалитет на маслениот екстракт. Eкстрактот e со докажано отсуство на пестициди и хербициди.
Позитивни ефекти при употреба на KANOIL RELAX се манифестираат при:
- Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија;
- Замор и несоница;
- Невропатска болка и невралгии;
- Гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања;
- Нарушен баланс на цревната флора;
- Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пр. предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер);
- Мускулни спазми;
- Епилептични синдроми во детска возраст.
Може да се употребува и за:
- Превенција на кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно;
- Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта);
- Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес;
- Може позитивно да делува при различни состојби на кожата;
- Подобрување на општа здравствена состојба при Паркинсонова болест;
- Ублажување на когнитивни нарушувања при Алцхајмерова болест;
- Позитивно влијание при појавување на симптоми на Кронова болест;
- Намалување на воспаление и болка при ревматоиден артритис;
- Општа поддршка на здравјето и имуниот систем.
KANOIL RELIEVE не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.
Пред употреба треба добро да се протресе.
Со пипетата капнете ги капките под јазик и задржете ги приближно 60 секунди, потоа голтнете.
Возрасни и деца над 14 години: Препорачана доза е 3-4 капки, еднаш дневно (околу 48 mg CBD дневно).