KANOIL RELAX 20% CBD Маслен раствор, спреј 10 ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




KANOIL RELAX 20% CBD Маслен раствор, спреј 10 ml


  • Шифра: 1009194
  • Производител: Replek
2.205 ден.

KANOIL RELAX 20% CBD Маслен раствор, спреј 10 ml.

Со висока концентрација на канабидиол (CBD) – 2000 mg CBD во 10 ml масло. KANOIL RELAX содржи маслен екстракт кој е добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението канабис или коноп. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува висок квалитет на маслениот екстракт. Eкстрактот e со докажано отсуство на пестициди и хербициди.

Позитивни ефекти при употреба на KANOIL RELAX се манифестираат при:

-Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија;
-Замор и несоница;
-Невропатска болка и невралгии;
-Гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања;
-Нарушен баланс на цревната флора;
-Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пр. предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер);
-Мускулни спазми;
-Епилептични синдроми во детска возраст.

Начин на употреба:

-Пред употреба треба добро да се протресе.
-Испрскајте под јазик и задржете приближно 60 секунди, потоа голтнете.
-Возрасни и деца над 14 години: Препорачана доза е 2 испрскувања под јазик, еднаш до двапати дневно (околу 50 mg CBD дневно).
-Деца до 14 години: Препорачана доза е 1 испрскување дневно (25 mg CBD дневно).
-Приспособување на дозата: Во согласност со индивидуалните потреби и по совет на лекар, дозата може постепено да се зголеми.
-KANOIL RELAX нема психотропен ефект.

KANOIL RELAX не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.

-Природни состојки
-Без глутен
-Без лактоза
-Погоден за вегетаријанци и вегани
-Може да го користат лица со дијабетес

Replek

Replek