Novalac Total Comfort + млечна формула 0-36 месеци 800g
- Шифра: 1008544
- Производител: Novalac
Novalac Total Comfort + млечна формула 0-36 месеци 800g.
Novalac Total Comfort + храна за посебна медицинска намена ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчиња до 6 месеци и може да се користи како единствен извор на исхрана. По 6-тиот месец, може да се користи како дел од разновидна исхрана.
Novalac Total Comfort + има практично пакување бидејќи има простор во капакот од конзервата каде што родителите можат да ја складираат дозерката. Подготовката овозможува попрецизно дозирање без прскање, што ја прави подготовката на оброкот почиста и похигиенска.
Novalac Comfort + содржи намалена количина на лактоза, за која е клинички докажано дека ги намалува проблемите со колики и надуеност.1
→ Плачењето поради грчеви е намалено за 85%, а надуеноста за 71%.
Novalac Total Comfort + се карактеризира со единствен комплекс за згуснување кој поради зголемената вискозност при неутрална pH вредност покажува подобри згуснувачки својства во споредба со класичните згуснувачи, што го намалува бљуцкањето (регургитацијата) и ја нормализира конзистенцијата на столицата.
→ Бројот на бљуцкања се намалил кај сите вклучени доенчиња во просек за 84% по 3 дена и за 85% по 14 дена, а 88% од доенчињата имале нормална конзистенција на столицата по 14 дена.2
Содржи 4 пробиотски соеви: Lactobacillus rhamnosus GG, Bifidobacterium lactis, Streptococcus thermophilus, Lactobacillus paracasei кои да имаат корисен ефект врз цревната микробиота и на тој начин може да влијаат на намалување на симптомите на колики и подобрување на гастроинтестиналнaта удобност3–9
Повисоката содржина на магнезиум придонесува за нормално празнење на цревата поради благиот осмотски ефект.