NBL Glucosamine Chondroitin MSM таблети, 60 таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




NBL Glucosamine Chondroitin MSM таблети, 60 таблети


  • Шифра: 1005570
  • Производител: Nobel
1.075 ден.

NBL Glucosamine Chondroitin MSM таблети, 60 таблети.

Glucosamine, Chondroitin и MSM се супстанци кои природно се присутни во човековиот организам.

Глукозамин сулфатот спаѓа во групата на аминополисахариди и претставува комбинација на гликоза и аминокиселина наречена глутамин. Оваа супстанца е природно присутна во зглобовите и е неопходна за создавањето на сврзното ткиво и одржувањето на здрава рскавица. Таа исто така е составен дел на лигаментите, мембраните, коските и други ткива во организмот.

Хондроитин сулфат е градивна компонента на рскавичното ткиво која спаѓа во групата на протеоглукани. Таа му дава еластичност на рскавичното ткиво и ја штити рскавицата и лигаментите од повреди.

МСМ (Метилсулфонилметан) е природен извор на органски сулфур. Сулфурот е важен есенцијален минерал кој е вклучен во многу метаболички процеси и игра важна улога во изградбата на аминокиселините и протеините. Тој е потребен за правилна синтеза и одржување на сврзните ткива, како и за формирање на здрави коски, тетиви, рскавици, зглобови, лигаменти, кожа, коса и нокти.

Состав:

Глукозамин HCL 750mg
Кондроитин Сулфат 600mg
Помага:

Во ублажување на болката и во зголемување на подвижноста на зглобовите
Во одржување на ‘рскавицата, во намалување на отокот и воспалението на коските и зглобовите и се применува за третман на воспалителните заболувања на зглобовите (ревматски артрити и остеоартрити, метереопатски заболувања)
Помага во зајакнување на зглобовите и е многу корисна за спортистите, особено за бодибилдерите кои се оптоваруваат при напорни тренинзи
Во превенција на остеопорозата кај жените во менопаузата
Во зголемување на отпорноста на зглобовите, тетивите, лигаментите и мускулите од повреди


Употреба: Една таблета два пати на ден, се зема при оброк или како што ви предложил вашиот лекар.