PROBOTALIFE Органско масло од диво оригано 10 ml + ПОДАРОК Oregano Bonbons пастили, 30 пастили
- Шифра: 1002227
- Производител: probotalife
PROBOTALIFE Органско масло од диво оригано 10 ml + ПОДАРОК Oregano Bonbons пастили, 30 пастили.
Probotalife - 100% органско масло од диво оригано.
Органско масло од диво оригано е масло добиено од истоименото медитеранско растение кое важи за едно од најлековитите растенија во светот. Тоа е многу ценето, а се добива од дивите видови на оригано со посебен процес на дестилација
Постојат над 40 видови оригано, но за најделотворно се смета Origanum Minutiflorum
Благотворното дејство на маслото од диво оригано доаѓа од присуството на Карвакрол (над 90%)
Состав: 100% органско чисто масло од диво оригано.
Употреба: маслото од диво оригано се користи во хербалната медицина уште од многу одамна. Поради големата концентрираност, никогаш не се користи директно, секогаш се разредува. Најдобро е да се разреди во некое масло (масло од кокос, од црн кумин, маслиново масло) добро да се измеша и да се испие, или вкусот најдобро се маскира во 50 мл јогурт или млеко (може и растително).
Начин на дозирање: се препорачува да се пие после оброк. Маслото од диво оригано се пие 21 ден (3 недели) и тоа:
За возрасни: за полесно привикнување, првата недела се пие 3 пати на ден по 1 капка, растворена во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено). Втората недела се пие 3 пати на ден по 2 капки исто така растворени во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено). Третата недела се пие 3 пати на ден по 3 капки исто така растворени во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено). После трите недели на косумација се прави пауза од 10 дена и доколку има потреба постапката се повторува. Да не се надминуваат препорачаните дози. Максималниот број на капки на дневна основа е 10-12.
За деца од 3 до 6 години: Се пие два пати на ден по една капка во рок од 10 до 14 дена, растворени во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено) или во лажичка мед. Потребно е брзо да се проголта, без задржување во устата. После тоа може да се испие чаша вода.
За деца од 6 до 12 години: се препорачува да се пие 2 недели (14 дена) и тоа: за полесно привикнување, првата недела се пие 2 пати на ден по 1 капка, растворена во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено) или во лажичка мед. Потребно е брзо да се проголта, без задржување во устата. После тоа може да се испие чаша вода. Втората недела се пие 3 пати на ден по 1 капка исто така растворени во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено) или во лажичка мед. Потребно е брзо да се проголта, без задржување во устата. После тоа може да се испие чаша ладна вода.
За деца од 12 до 18 години: се препорачува да се пие 2 недели (14 дена) и тоа: за полесно привикнување, првата недела се пие 3 пати на ден по 1 капка, растворена во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено) или во лажичка мед. Потребно е брзо да се проголта, без задржување во устата. После тоа може да се испие чаша ладна вода. Втората недела се пие 3 пати на ден по 2 капки исто така растворени во 50 мл јогурт или млеко, или во 1 голема лажица друго масло (маслиново, кокосово, сончогледово, ленено или во лажичка мед. Потребно е брзо да се проголта, без задржување во устата. После тоа може да се испие чаша ладна вода.
За топла инхалација: во 500 мл топла вода (околу 90 степени да не врие) се става 1 лажица морска сол и се капнува 1 до 2 капки масло од диво оригано и пареите внимателно се вдишуваат со затворени и покриени очи, за време од 2 минути. По вршење на топла инхалација не е препорачливо да се излегува надвор и лицето да се изложува на ниски температури.
Маслото од диво оригано може да се користи во дифузери, но не и во електрични инхалатори.
Доколку се користи за кожа, никогаш не се аплицира директно, мора да се разреди, и тоа 10 капки масло од диво оригано со 30 мл неутрално масло (сончогледово, маслиново, кокосово) па да се нанесе на кожа. Се нанесува два пати на ден. Доколку се појави црвенило на кожата, веднаш да се измие со ладна вода и неутрален сапун. Може да се додаде и капка-две во масло за масажа.
Не е препорачливо за: деца до 3 годишна возраст, за трудници и доилки, кај лица преосетливи на состојките на производот. Производот не треба да го користат лица кои имаат анемија, пореметувања на коагулацијата, проблеми со голтање, при озбилна хипертензија и при тешки оштетувања на црниот дроб и бубрезите како и лица кои земаат антикоагулантна терапија.
Oregano Bonbons, 30 бонбони.
Состав: Пастили со масло од диво оригано, нане, зелен чај, мајчина душица и витамин Ц. За деца над 4 години и возрасни.