Nutra Mag Plus таблети, 60 таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Nutra Mag Plus таблети, 60 таблети


  • Шифра: 1008051
  • Производител: NutraVit
1.180 ден.

Nutra Mag Plus таблети, 60 таблети.

Решение за нормална функција на мускулите и нервниот систем, намалување на уморот и хроничниот замор, за подобар имунитет.

Nutra Mag Plus ја содржи најресорптивната форма на магнезиум (магнезиум цитрат). Тој е суштински минерал неопходен за бројни телесни функции. Најчесто се користи за поддршка на мускулната и нервната функција, намалување на уморот и хроничниот замор, подобрување на здравјето на коските и промовирање на здравјето на срцето. Дополнително, може да помогне во управувањето со мигрената, намалување на стресот и поддршка на целокупната релаксација поради неговите смирувачки ефекти врз нервниот систем. Придонесува и за баланс на електролити, нормален метаболизам што дава енергија и синтеза на протеини. Исто така, важен е за поддршка на здрав имунолошки систем. Nutra Mag Plus го комбинира магнезиум цитрат заедно со витамин Б12, ниацин, витамин Б6, цинк, бор и витамин Д при што се создава синергетски ефект кој ги подобрува придобивките од секоја хранлива материја. Така магнезиумот е клучен за активирање на витаминот Д во телото. Витаминот Б6 ја подобрува способноста на магнезиумот да помогне во управувањето со стресот, да го подобри расположението и да ги ублажи симптомите на анксиозност, а дополнително, витаминот Б6 помага во апсорпцијата на магнезиум, што го прави поефикасен. Магнезиумот и цинкот се надополнуваат еден со друг на многу биохемиски патишта, па така цинкот ја поддржува улогата на магнезиумот во одржување на нормалната функција на нервите и мускулите, додека магнезиумот помага да се оптимизира апсорпцијата на цинкот. Борот ја подобрува способноста на телото да го метаболизира магнезиумот и витаминот Д.

Состав:
2 таблети содржат:

Активна супстанција: Магнезиум цитрат 400mg, никотинамид Б3 40mg, цинк цитрат 10mg, натриум тетраборат 2mg, вхолекалциферол 50mcg, Б12 метилкобаламин 20mcg, Б6 пиридоксин хидрохлорид 10mg.

Помошни супстанции: средство за зголемување (целулоза), магнезиум оксид, хидроксипропилцелулоза, дезинтегратор (вкрстено поврзана натриум карбоксиметилцелулоза), лубрикант (магнезиум стеарат, стеаринска киселина), облога на таблети (хидроксипропилметилцелулоза, талк), пченкарен скроб, средство против згрутчување (силициум диоксид), багрем, сахароза, дикалциум фосфат, моно и диглицериди, ДЛ алфа токоферол, натриум аскорбат.


Дозирање: Возрасни и деца над 12 години, две таблети дневно, по можност на празен стомак. Возрасните може ја зголемат дозата до три таблети дневно доколку е потребно. Не го надминувајте препорачаниот дневен внес освен ако така ве советува соодветно квалификувано лице. Пред употреба да се прочита внатрешното упатство.

NutraVit

NutraVit