GAMETIX F ќесички, 30 ќесички
- Шифра: 1007760
GAMETIX F ќесички, 30 ќесички.
Гаметикс Ф го врши своето дејство на ниво на јајниците, преку заштита на јајниците од оксидативен стрес, забавување на стареењето на јајниците и влијание врз квалитетот на созревањето на јајце клетката.
Мио-инозитолот во комбинација со активна фолна киселина влијае на регулирањето на менструалниот циклус и повторното воспоставување на овулацијата, што е предуслов за бременост.
Инсулинската резистенција се регулира на три нивоа: на ниво на панкреас, крв и клетки.
Покрај регулирањето на инсулинската регулација и хиперинсулинемијата, мио-инозитолот значително влијае на регулирањето на концентрацијата на андрогени хормони (тестостерон), како и на превенцијата од гестациски дијабетес кај пациенти со дијагностициран PCOS и IR.
Цинкот придонесува за нормална плодност и репродукција.
Дополнителниот внес на фолна киселина го зголемува нивото на фолна киселина кај мајката, што придонесува за раст на мајчиното ткиво за време на бременоста. Ниските нивоа на фолна киселина кај мајката се фактор на ризик за дефекти на невралната туба кај фетусот.
Витамините Б9, Б12, Д и цинкот играат улога во процесот на клеточната делба.
Витамините Б2, Б3, Б5, Б6, Б12, Ц придонесуваат за одржување на нормален енергетски метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста.
Витамините Б2, Ц, Е, цинкот и селенот придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.
Витаминот Б5 придонесува за нормална синтеза и метаболизам на стероидни хормони, витамин Д и некои невротрансмитери.
Витаминот Б6 придонесува за регулирање на хормоналната активност.
Биотинот и цинкот придонесуваат за нормален метаболизам на макронутриенти.
Јодот и селенот придонесуваат за нормално производство на тироидни хормони и нормална функција на тироидната жлезда.
Состав: Витамин Е 12 мг, витамин Ц (L-аскорбинска киселина) 180 мг, витамин Б6 (никотинамид) 1,4 мг, витамин Б9 5-MTHF кватерфолна киселина 200 мкг, витамин Б12 (метилкобаламин) 2,5 мкг, цинк 10 мг, селен 50 мкг, карнитин (ацетил L карнитин) 2 г, таурин 250 мг, коензим Q10 20 мг
Начин на употреба: Еднаш дневно, растворете ја содржината од едно кесиче во половина чаша вода (80-100 мл) и испијте.