BURRA SUN FACE SPF50+ Крем за лице 100ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




BURRA SUN FACE SPF50+ Крем за лице 100ml


  • Шифра: 0020991
  • Производител: BURRA
1.100 ден.

BURRA SUN FACE SPF50+ Крем за лице 100ml.

BURЯA SUN Face Cream SPF 50+ е препарат со лесна и немасна структура кој дава сигурна заштита на кожата на лицето од UVA и UVB зраци, благодарение на минералните и органските  UV филтри, но и ефикасната одбрана од штетни IR-A зраци кои обезбедуваат присуство на екстракт од матични клетки на планинска брусница во производот.

BURЯA Sun Face Cream SPF 50+ се карактеризира со:

-Идеален состав за чувствителна кожа на лицето
-Висок степен на заштита од UVA/UVB/IR-A зраци за сите фототипови на кожа
-Лесна и немасна текстура која брзо се упива, без оставање на бели траги на кожата
-Водоотпорна формулација
-Присуство на ектоин кој штити од фотостареење, остварувајќи „anti-age“ ефект
-Присуство на „SPF booster-a“ кој ја зголемува ефикасноста на присутните UV филтри
-Отсуство на парабени

Состав:

-Титан-диоксид (инкапсулирани) – минерални UVA/UVB филтри
-Октокрилен – органски UVB филтер кој делумно штити и од еден дел на UVA спектарот
-Октиноксат – органски UVB филтер
-Авобензон – органски UVA филтер
-Екстракт од матични клетки на планинска брусница кој овозможува ефикасна IR-A заштита
-Иновативен полимер кој обезбедува водоотпорност
-Витамин E
-Шеа путер
-„SPF booster“
-Ектоин

BURЯA Sun Face Cream SPF 50+ поседува висок потенцијал на заштита од UVA/UVB i IR-A зраци и интензивно ја хидрира кожата, па се препорачува како идеално средство за заштита на осетлива кожа на лицето од сонце, за сите фототипови на кожа. Со комбинацијата од минерални и органски филтери, како и екстракт од матични клетки на планинска брусница во препарататот BURЯA Sun Face Cream SPF 50+ постигнат е ефектот на широкоспректрална UV i IR-A заштита.  

Титан-диоксид е како ефикасен минерален филтер инкорпориран во препаратот, каде што овозможува заштита од UVB и дел од UVA зрачења. За разлика од класичните препарати за заштита од сонце кои го имаат во својот состав, во BURЯA SUN кремот за лице, тој е обложен со специјални технолошки постапки, и е постигната оптимална заштита, но без оставање на бели траги по нанесување.

Органски филтри во формулацијата (авобензон, октокрилен и оксиноксат) допринесуваат за постигнување на најголеми SPF вредности на производот и комплентна UVA заштита на кожата.

Екстракт од матични клетки на планинска брусница (lat. Vaccinium vitis-idaea) го засилува природниот антиоксидативен одговор на клетките на IR зрачење, го намалува воспалението на кожата предизвикано од UVB зрачење и покажува директно антиоксидативно дејство, бидејќи содржи висок процент на моќни природни антиоксиданси – полифеноли. Топикална примена на препаратот на база на екстракт од матични клетки на планинска брусница доведува до спреќување, како и обновуваање на оштетување на клетките настанати од дејство на UVB и IR-A зраци (како што се дехидрација, рапавост на кожата, појава на бори и хиперпигментација, губиток на цврстина, волумен и еластичност).

Ектоин во препаратот има улога да ја заштити кожата од високи температури, високи концентрации на соли и јаки UV зрачења, бидејќи има потенцијал да формира специфичен заштитен хидрофилм на кожата. Ја хидрира кожата, ја смирува и регулира нејзината бариерна функција, штитејќи ја од фотостареење.   

BURЯ® SUN Face Cream SPF 50+ има водоотпорна формулација која е постигната со додавање на мултифункционален полимер  кој овозможува задржување на производот на кожата за време на престој во вода, како и после излегување од водата, под услов кожата да не се бриши со крпа. Водоотпорноста на спрејот се согледува во фактот дека под наведените услови 97% од декларираната SPF вредност се одржува и до 80 минути по потопување во вода.