BURRA SUN FACE & BODY SPRAY SPF30 Спреј за сончање 200ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




BURRA SUN FACE & BODY SPRAY SPF30 Спреј за сончање 200ml


  • Шифра: 0020990
  • Производител: BURRA
1.090 ден.

BURRA SUN FACE & BODY SPRAY SPF30 Спреј за сончање 200ml.

BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30 завзема посебно место во  BURЯA SUN колекцијата, со обзир на тоа што обезбедува невидлива, рамномерна заштита на кожата на лицето и телото од UVA, UVB и IR-A зраци, правејќи ја нежна и хидрирана. Поседува водоотпорна формулација и наменет е за цела фамилија и поради својата мултифункционалност е исклучително практичен.   

BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30 се карактеризира со:

-Ефикасна заштита од UVA/UVB/IR-A зраци за сите фототипови на кожа
-Лесна и немасна текстура која не остава бели траги на кожата
-Водоотпорна формулација
-Присуство на ектоин кој штити од фотостареење остварувајќи „anti-age“ ефект
-Присуство на „SPF booster-a“ кој ја зголемува ефикасноста на присутни UV филтри
-Отсуство на парабени

Состав:

-Октокрилен – органски UVB филтер кој делумно штити и од еден дел на UVA спектарот
-Авобензон – органски UVA филтер
-Октиноксат – органски UVB филтер
-Хомосалат – органски UVB филтер
-Екстракт од матични клетки на планинска брусница кој овозможува ефикасна IR-A заштита
-Мултифункционален полимер кој обезбедува водоотпорност
-Витамин E
-„SPF booster“
-Ектоин

BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30 овозможува широкоспектрална UV и IR-A заштита и интензивно ја хидрира кожата, па се препорачува како идеално средство за заштита на кожата на лицето и телото од сонце, за сите фототипови на кожа.

Комбинација на органски филтри и екстракт од матични клетки на планинска брусница во формулацијата на препаратот BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30  oбезбедува сигурна заштита од сончевите зраци како и ефикасна превенција од настанување на фотооштетување.

Екстракт од матични клетки на планинска брусница (lat. Vaccinium vitis-idaea) го засилува природниот антиоксидативен одговор на клетките на IR зрачење, го намалува воспалението на кожата предизвикано од UVB зрачење и покажува директно антиоксидативно дејство, бидејќи содржи висок процент на моќни природни антиоксиданси – полифеноли.

Топикална примена на препаратот на база на екстракт од матични клетки на планинска брусница доведува до спреќување, како и обновуваање на оштетување на клетките настанати од дејство на UVB и IR-A зраци (како што се дехидрација, рапавост на кожата, појава на бори и хиперпигментација, губиток на цврстина, волумен и еластичност).

Ектоин во препаратот има улога да ја заштити кожата од високи температури, високи концентрации на соли и јаки UV зрачења, бидејќи има потенцијал да формира специфичен заштитен хидрофилм на кожата. Ја хидрира кожата, ја смирува и регулира нејзината бариерна функција, штитејќи ја од фотостареење.  

BURЯA SUN Face & Body Spray SPF30 има водоотпорна формулација која е постигната со додавање на мултифункционален полимер  кој овозможува задржување на производот на кожата за време на престој во вода, како и после излегување од водата, под услов кожата да не се бриши со крпа. Водоотпорноста на спрејот се согледува во фактот дека под наведените услови 94% од декларираната SPF вредност се одржува и до 80 минути по потопување во вода.