Kalcijum PLUS 400mg таблети, 30 таблети
- Шифра: 1007271
- Производител: ZADA Pharmaceuticals
Kalcijum PLUS 400mg таблети, 30 таблети.
Калциум Плус, додаток во исхраната:
Поддршка на здравјето на мускулно-скелетниот систем и забите.
Состав:
1 филм-таблета содржи:
-400 мг калциум (во форма на калциум карбонат);
-150 мг магнезиум (во форма на магнезиум оксид);
-0,04 мг витамин К2 (менахинон);
-0,1 мг витамин Д3 (холекалциферол).
Начин на дејство
Калциум плус е додаток во исхраната наменет првенствено за одржување на здравјето на коските, мускулите и забите. Калциум Плус ќе му обезбеди на телото оптимална количина на калциум и магнезиум, чија апсорпција е стимулирана од витамин Д3 и К2 , и ќе придонесе за правилно функционирање на мускулите, нервниот систем, енергетскиот метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста.
Калциумот е важен за одржување на здравјето на забите и нормалната функција на коските и мускулите. Магнезиумот придонесува за одржување на нормалната функција на коските и забите и за одржување на нормалната мускулна функција. Исто така, придонесува за одржување на нормалната функција на нервниот систем. Витаминот К е неопходен за здравјето на коските и влијае на коагулацијата на крвта. Придонесува за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Витаминот Д3 е неопходен за нормален раст и развој на коските и за нормална функција на имунолошкиот систем.
Индикации:
-превенција и третман на остеопороза;
-одржување на здравјето на мускулно-скелетниот систем;
-жени во постменопауза и спортисти.
Дозирање и начин на употреба
1-2 таблети на ден со оброк или по препорака на лекар. Препорачаните дневни дози не смеат да се надминуваат.