Olivenol Eye Balm Балсам за нега околу очи 15ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Olivenol Eye Balm Балсам за нега околу очи 15ml


  • Шифра: 1003544
  • Производител: Medipharma Cosmetics
640 ден.

Olivenol Eye Balm Балсам за нега околу очи 15ml.

Клучни компоненти во составот:

Ладно цедено маслиново масло - богато со витамини, минерали и природни масни киселини, антиоксиданси. Антиоксидансите во маслиновото масло помагаат да се забави процесот на стареење.

Витамин Е - ја штити кожата од УВ зраци, а олеинската киселина ја регенерира кожата, има антиинфламаторно дејство, ја хидрира кожата и таа станува мека и мазна.

Кофеин - смирува, делува против воспаленија и ги редуцира подочниците, го намалува црвенилото и отокот. Кофеинот, есцинот и екстракт од алги ги редуцираат темни кругови околу очите и ги “будат” уморните очи.

Радиола (златен корен) - има антиинфламаторно дејство, го забавува стареењето, ги ублажува длабоките брчки и го стимулира производството на колаген.

Натриум хијалуронат - има афинитет за врзување голема количина на вода, што овозможува хидрирање на кожата, давајќи и еластичност, помлад и поздрав изглед.

Пантенол - има смирувачки ефект, го намалува црвенилото на лицето и има хранлив ефект врз кожата на лицето.

Глицерин - ја хидрира кожата и и дава сјај.

Масло од семе од сочоглед - е познато по содржината на масни киселини, кои го прават лицето свежо и хидрирано. Бидејќи има висок процент на ланолеинска киселина, која спречува дехидрација на лицето, ги прави образите да бидат цврст и нежни. Ова природно масло содржи омега 3 и омега 6 масни киселини, кои го зајакнуваат заштитниот слој на кожата и ја прават отпорна на надворешни влијанија. Отпорноста на лицето станува силно, што е важно за сува кожа која е склона кон егзема во зимските денови.

Olus масло - масло од 100% растително потекло направено од мешавина од природни триглицериди. Тоа е полу-цврсто бело, без мирис. Функционира како активна состојка за измазнување на кожата, што ја прави кожата мека и мазна.

Масло од Prunus Amygdalus Dulcis (сладок бадем) е бледо, слама боја или безбојно масло добиено од бадеми. Има изразен хидратантен ефект, е многу пријателски за кожата и идеален за чувствителна, сува кожа. Маслото од сладок бадем е многу погодно за нега на доенчиња и мали деца. Се карактеризира со висока содржина на незаситени масни масла, како што се линолна и линолеинска киселина.

Кога се употребува редовно ОЛИВЕНОЛ балсамот за нега околу очи:

-Ја подобрува еластичноста на кожата
-Ја зајакнува, измазнува сензитивната регија околу очите
-Ја хидрира околната регија
-Темните круговите под очите исчезнуваат
-Го редуцира отокот околу очите
-Ја регенерира кожата
-Толеранцијата на кожата е дерматолошки тестирана