NOW P-5-P 50mg капсули, 90 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




NOW P-5-P 50mg капсули, 90 капсули


  • Шифра: 1007048
  • Производител: NOW
1.578 ден.

NOW P-5-P 50mg капсули, 90 капсули.

P-5-P  (пиридоксал-5-фосфат) претставува супериорна активна форма на витамин Б6 (пиридоксин), чија конверзија настанува во црниот дроб. Лесно се апсорбира од телото и почнува да делува речиси веднаш штом ќе се внесе. Постојат неколку форми на витамин Б6 кои се сметаат за пиридоксин-витамери, но само P-5-P има активна коензимска улога. Го контролира метаболизмот на амино киселините, помага во производството на невротрансмитери и е кофактор за повеќе од 150 ензими во нашето тело.

Кога се зема како дневен додаток, P-5-P  го подобрува глукокортикоидното дејство, кое има природен антиинфламаторен потенцијал, со што го зајакнува имунолошкиот систем. Помага во варење на храната со разградување на мастите, протеините и јаглехидратите и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца. Овие важни процеси се од суштинско значење и помагаат да се одржи целокупното здравје на поединецот.

-Одржува здрави нивоа на хомоцистеин
-Ги намалува симптомите на ПМС
-Поддршка на позитивното расположение и релаксација
-Здраво формирање на црвени крвни зрнца
-Го олеснува меѓуклеточниит транспорт на магнезиум
-Го намалува интензитетот на утринските мачнини за време на бременост


Земете една капсула дневно со храна.