Oillan MULTI-HELP Крем 50ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Oillan MULTI-HELP Крем 50ml


  • Шифра: 1004663
  • Производител: Oillan
765 ден.

Oillan MULTI-HELP Крем 50ml.

Мултифункционална заштитна крема од првиот ден од животот. Моментално олеснување и смирување на чувствителна, иритирана, црвена и чешачка кожа. Долготрајно го хидрира и зајакнува епидермисот и го намалува чешањето. Интензивно ја регенерира кожата од првата употреба. Екстремно ефикасно ја заштитува кожата од негативните надворешни влијанија. Богата конзистентност која добро се шири на кожата, не оставајќи бели траги.

Сеопфатно тестирана на доенчиња, деца и возрасни со чувствителна, сува и атопична кожа, како и на бремени жени и доилки. Клинички тестирана под дерматолошка и педијатриска контрола.

Без ланолин, без конзерванси, веганска формула, без мирис.

ДУРИ ЗА 15 РАЗЛИЧНИ ПРОБЛЕМАТИКИ:

-Иритации од пеленски осип;
-Пеленски осип кај бебиња;
-Иритација на кожата од изложување на ладно;
-Иритација на кожата од изложување на сонце;
-Иритација околу носот;
Иритација околу устата;
-За атопична кожа;
-Површински иритации на кожата;
-Ги штити рацете;
-Микро-оштетување на кожата, мали лузни;
-Регенерација по херпес;
-Пост-акни кожни лезии;
-По третмани со дерматолошка и естетска медицина;
-По лупење на кожата;
-По депилација
Активни состојки:
Сукралфат – создава невидлива облога на површината на кожата
Масло од ши-путер 6% – ја зајакнува заштитната бариера на епидермисот и удобно ја подмачкува кожата
Д-пантенол 5% – ја забрзува делбата на клетките на кожата, поддржувајќи го процесот на регенерација
Масло од лисичинка и сладок бадем – смирува и обезбедува хранлив ефект
Сквалан и церамиди – ја обновуваат и штитат кожата од надворешни фактори
Шеќерeн комплекс – интензивно ја хидрира кожата.



Нанесете на области кои бараат заштита, регенерација или смирување двапати дневно или почесто по потреба.