Beta G IMMUNO капсули, 30 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Beta G IMMUNO капсули, 30 капсули


  • Шифра: 0000834
  • Производител: ZADA Pharmaceuticals
1.016 ден.

Beta G IMMUNO капсули, 30 капсули.

Го поддржува имунолошкиот систем.

Една капсула содржи:

-200 mg бета глукан;
-80 mg аскорбинска киселина (витамин Ц);
-7,5 mg Цинк (како Цинк глуконат);
-30 mg коензим Q10;

Механизам на дејство:
BETA-G immuno е идеална комбинација на природни супстанции за зајакнување на имунитетот. Бета-глуканот и витаминот Ц се моќни антиоксиданси бидејќи ја неутрализираат активноста на слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на телото и на крајот доведуваат до забрзано стареење и развој на многу сериозни болести.
Цинкот, кој е вклучен во речиси сите аспекти на имунитетот, е важен за нормално функционирање на отпорноста на телото, бидејќи влијае на зголемувањето на бројот на одбрамбени клетки-лимфоцити. Коензимот Q10 обезбедува доволно количество на енергија потребна за имунолошкиот систем да се бори против патогени, има антиоксидантни својства и ја зачувува функцијата на срцето и обезбедува виталност.

Индикации:
Ослабен имунолошки систем, чести заболување од вирусни и бактериски инфекции, изложеност на поголемо производство на слободни радикали (пушење, изложеност на токсични материи, загаден воздух), терапија со зрачење и хемотерапија (ги намалува нивните несакани ефекти), хроничен замор, постари луѓе и луѓе со семејна историја на рак.



Упатства за употреба:
Препорачана доза за возрасни и деца над 12 години е 1-2 капсули на ден.
Капсулата се пие со вода, половина час пред главниот оброк.