ENTEROSGEL Перорална суспензија 225g :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ENTEROSGEL Перорална суспензија 225g


  • Шифра: 1007046
1.535 ден.

ENTEROSGEL Перорална суспензија 225g.

Иновативен цревен апсорбент (ентеросорбент) Enterosgel е органосилициумски полимер соединение со порозна структура и конзистентност на гел.

Благодарение на предодредените големини на порите на неговата структура,
Enterosgel делува како „паметен сунѓер“, т.е. селективно, физички ги врзува штетните материи (на пр. ендотоксини, ентеротоксини) на неговата површина и овозможува нивно отстранување со столицата.

Ентеросорбцијата е адсорпција на супстанции од дигестивниот тракт на ентеросорбент земен преку уста. Има улога да отстранува микроорганизми (бактерии и вируси), разни токсини и други штетни материи. Тоа е безбеден и ефикасен метод, применлив за разни болести.
Може да се користи во комбинација со други форми на третман.

Идеален ентеросорбент треба да ги има следниве својства:
селективност, да апсорбира на својата површина само супстанции штетни за организмот;
висока адсорпциона моќ, за побрзо и поцелосно отстранување на штетните материи од телото;
безбедност на примена и нетоксичност за организмот;
биокомпатибилност, за да не влијае на нормалните метаболички процеси;
дека не ја инхибира нормалната цревна микрофлора

Погоден е за новороденчиња, деца, доилки, трудниции возрасни.


Добро протресете ја тубата пред отварање и пред секоја употреба.

Под 1 година пола лажичка.

Од 1-6 години 1 лажичка.

Од 7-14 години 2 лажички.

Над 15 години и возрасни 1 лажица.

Разредете ја дозата со вода на собна температура пред администрација.

Земете ја дозата 2 часа пред или по земање на орални лекови, 1-2 часа пред или после оброк.