Lipibor капсули, 30 капсули :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Lipibor капсули, 30 капсули


  • Шифра: 0015244
  • Производител: Borola
625 ден.

Lipibor капсули, 30 капсули.

Lipibor е оригинална комбинација од природни состојки, создадена со цел намалување на холестеролот во крвта. Секоја капсула содржи висококвалитетни стандардизирани екстракти на:
Policosanol (Поликозанол) – 10mg
Niacin (ниацин) – 10mg
Beta-glucan (Бета глукан) – 300mg

Како дејствува Lipibor?
Секоја состојка игра важна улога за регулирање на холестеролот и заедно со тоа тие се надополнуваат и имаат заеднички засилен ефект. Lipibor има благопријатно дејство врз намалувањето на вкупниот холестерол, на LDL (лошиот холестерол), на VLDL и триглицеридите, а во исто време го зголемува HDL (добриот холестерол).


Како да постигнеме оптимален ефект со Lipibor?
За оптимална контрола на вашиот холестерол, важно е да се комбинираат следните три елементи:
– диета
– физичка активност
– употреба на Lipibor

Интеракција, синергизам и безбедност
Lipibor има синергистички ефект со други препарати, кои го намалуваат холестеролот (статини, фибрати).
Го потенцира антиагрегантното дејство на аспиринот.
Сосема безбеден е и не поседува несакани ефекти. Може да го земаат дијабетичари, луѓе во поодминати години и при намалена функција на црниот дроб.
Не се препорачува за време на бременост и доење.

Lipibor®е трговска марка на фирма БОРОЛА. Продуктот е произведен во САД во согласност со барањата на Добрата производна пракса. Lipibor е додаток во исхраната. Да се чува на суво, недостапно за деца место, на температура под 30º С.



Кога да употребуваме Lipibor? Lipibor се употребува како помошно средство со промената на исхраната и начинот на живот, со цел намалување на зголемените нивоа на холестерол. Намалувајќи го LDL и зголемувајќи го HDL Lipibor штити од развој на атеросклероза.

Неговиот најсилен ефект е зголемувањето на добриот холестерол (HDL). Освен тоа Lipibor ја намалува агрегацијата на тромбоцитите како кај здрави, така и кај луѓето со висок холестерол, што е од корист кај пациенти со ‘claudicatio intermittens’.

Како да земаме Lipibor? Препорачаната почетна доза е 1 капсула за време на вечера или пред спиење, бидејќи синтезата на холестеролот е зголемена во текот на ноќта.

Lipibor има позитивен ефект врз контролата на холестеролот уште во првите 6-8 недели на употреба. Ефектот може да настапи и до 12 недели. По потреба дозата може да се зголеми – до 2 Капсули дневно, по 1 за време на ручек и 1 за вечера.

Препорачуваме Lipibor да се зема, ако нивото на холестерол надминува 5.17 mmol / l. При нивоа на холестерол помеѓу 5.17 – 6.20 mmol / l, по 1 капсула Lipibor дневно; ако нивото на холестеролот е повисоко од 6.20 mmol / l, по 2 капсули дневно.

Borola

Borola