ALOE VERA GEL 946ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ALOE VERA GEL 946ml


  • Шифра: 1000497
  • Производител: TEXAS ORGANICS
1.240 ден.

ALOE VERA GEL 946ml.

Texas Organics е една од најдобрите компании во САД во одгледување, производство и дистрибуција на алое вера и е една од ретките компании која гарантира дека алое вера листовите се обработуваат не подолго од 4 часа од бербата, за да се сочуваат сите активни состојки во својот природен врамнотежен сооднос: алое-полисахариди, витамини, минерали и аминокиселини.

Студиите ги ратификуваа алое-полисахаридите како биолошки активни материи кои ги обезбедуваат многуте квалитети на алое вера. Централниот дел од алое вера листот има околу 2000 мг/л алое- полисахариди, а највисокиот индустриски стандард е од 1000-1200 мг/л.

Целиот лист алое вера содржи околу 4000 мг/л алое-полисахариди, додека највисокиот индустриски стандард е од 2000-2400 мг/л. Освен активните алое-полисахариди, алое вера содржи и:

Аминокиселини: аланин, аргинин, аспарагин, глутамин, глицин, хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, фенилаланин, пролин, серин, треонин, тирозин, валин
Ензими: алиназа, амилаза, брадикиназа, каталази, целулаза, глукозидаза, оксидаза, липаза, протеаза, карбоксипептидаза,дехидрогеназа 
Минерали: калциум, железо, магнезиум, манган, натриум, цинк, бакар, калиум, алуминиум
Витамини: А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, Е, холин, фолна киселина, инозитол, ниацин
Компанијата Texas Organics е водечки производител на Алое вера уште од 1971 година. Како една од најголемите сертифицирани органски одгледувачи, произведувачи и дистрибутери на алое вера производи, Texas Organics им овозможува на корисниците алое вера гел со најдобар квалитет.

Со целосна контрола на целиот производствен процес, алое вера гелот ги исполнува највисоките индустриски стандарди:

Направен е од целиот лист алое вера
Без додадени шеќери, скроб и вода
Висока концентрација на природни хранливи состојки
State of art технолошки процес
Со сертификат за органско производство


Начин на употреба: 2-4 супени лажици на ден, помешани со вода или овошен сок.

За надворешна употреба: 2-3 пати на ден се мачка на проблематичните делови на кожата