BIODERMA Sensibio Micellar cleansing oil 150ml
- Шифра: 1006911
- Производител: BIODERMA
BIODERMA Sensibio Micellar cleansing oil 150ml.
Екобиолошко масло со мицеларна технологија кое ја чисти и негува кожата.
Sensibio маслен чистач нежно ја чисти и негува кожата, помага да се отстранат нечистотиите, водоотпорната шминка и УВ филтрите, истовремено ја чува природната pH вредност. Неговата смирувачка формула составена од масло богато со омега 3 и 6 и аминокиселина ја оставаат кожата мека, комфорна и смирена. Наменет е за сите видови на чувствителна кожа: сува, комбинирана и мрсна. Има одлична кожна и окуларна толеранција. Не остава мрсни траги на кожата. Некомедоген производ.
Употреба: Се нанесува едно до две испумпувања од маслото на сува кожа, се масира нежно на лице и околу очите, а потоа се плакне. При допир со водата маслото емулгира и се создава кремаста текстура.
*Во шишето може да се појави талог поради присуството на растително масло, но ова не го менува квалитетот и ефикасноста на производот.
