Bio-Oil масло за нега на кожа 125ml 1+1 ПОДАРОК
- Шифра: 1006674
Bio-Oil масло за нега на кожа 125ml 1+1 ПОДАРОК.
Формулацијата Bio-Oil е комбинација од растителни екстракти и витамини суспендирани во база на масло. Содржи патентирана состојка PurCellin Oil™, која ја менува целокупната конзистентност на формулацијата, правејќи ја лесна и немрсна, обезбедувајќи дека добрите својства содржани во витамините и растителните екстракти лесно се апсорбираат.
Bio-Oil е подложен на безбедносни проценки во согласност со Регулативата на Европскиот парламент и на Советот за козметички производи.
Токсиколошкиот профил, хемиската структура, нивото на вклученост и вкупното ниво на дневна изложеност на секоја употребена состојка се оценети и се сметаат за безбедни за употреба (вклучително и за употреба од бремени жени).
ИНДИКАЦИИ:
ЛУЗНИ – помага во подобрување на изгледот како кај новите така и старите лузни. СТРИИ – помага да се намали формирањето на стрии и помага при подобрување на изгледот на постоечките стрии. НЕИЗЕДНАЧЕН ТЕН – помага да се подобри изгледот на кожата со нееднаква боја кај светли како и темни типови на кожа.