Bio-Oil масло за нега на кожа 60ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Bio-Oil масло за нега на кожа 60ml


  • Шифра: 0020177
  • Производител: Union Swiss
1.130 ден.

Bio-Oil масло за нега на кожа 60ml.

Формулацијата Bio-Oil е комбинација од растителни екстракти и витамини суспендирани во база на масло. Содржи патентирана состојка PurCellin Oil™, која ја менува целокупната конзистентност на формулацијата, правејќи ја лесна и немрсна, обезбедувајќи дека добрите својства содржани во витамините и растителните екстракти лесно се апсорбираат.

Bio-Oil е подложен на безбедносни проценки во согласност со Регулативата на Европскиот парламент и на Советот за козметички производи.

Токсиколошкиот профил, хемиската структура, нивото на вклученост и вкупното ниво на дневна изложеност на секоја употребена состојка се оценети и се сметаат за безбедни за употреба (вклучително и за употреба од бремени жени).

ИНДИКАЦИИ:

ЛУЗНИ – помага во подобрување на изгледот како кај новите така и старите лузни.
СТРИИ – помага да се намали формирањето на стрии и помага при подобрување на изгледот на постоечките стрии.
НЕИЗЕДНАЧЕН ТЕН – помага да се подобри изгледот на кожата со нееднаква боја кај светли како и темни типови на кожа.


Се нанесува два пати дневно во текот на најмалку 3 месеци. За време на бременост се користи од почетокот на вториот триместер.