THE ORDINARY AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution 30ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




THE ORDINARY AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution 30ml


  • Шифра: 1006380
  • Производител: The Ordinary
821 ден.

THE ORDINARY AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution 30ml.

Формулација со 30% алфа хидрокси киселини (гликолна/млечна/винска/овошна) и 2% бета-хидрокси киселина (салицилна), хијалуронска киселина (вкрстено поврзување), витамин Б5, црн морков и тасманска пиперка. Алда-хидкрокси киселините (АХА) ефикасни го отстрануваат површинскиот слој на кожата овозможувајки помазен и порамномерен тен. Бета-хидрокси киселините ( БХА) делуваат на површината на кожата и ги чистат запушените пори. Комбинираната формулација 32% АХА/БХА овозможува длабок пилинг кој помага да се поправат несовршеностите на кожата правејки да биде посјајна. Со редовна употреба, производот ја подобрува текстурата на кожата и ја намалува видливоста на фините линии. Формулата содржи дериват на растението Таsmania Pepperberry (Tасманска пиперка) кој спречува иритација која е можна појава при употреба на киселините. Овој дериват е од растително потекло и сезонски бојата му се менува што значи дека оваа варијација на боја е лесно видлива во формулацијата. Производот е збогатен и со вкрстена полимерна хијалуронска киселина за смирување, витамин Б5 кој помага при регенерација на кожата и црн морков како антиоксидант.


Употреба: Се користи еднаш до два пати неделно на сува и чиста кожа. Не се препорачува за употреба кај влажна, чувствителна и иритирана кожа. Производот се остава да делува најмногу 10 минути, потоа се плакне со млака вода. Да се избегнува контакт со очите при нанесување и плакнење. При употреба на производот да се користи крем со заштитен фактор.