Pico B Complex сируп 120ml.
Сирупот Пико Б – комплекс е соодветен за спречување на замор и исцрпеност при секојдневната настава, стрес, корисен е за подобрување на помнењето и концентрацијата. Корисен за раст на телото, за време на пубертет, како и за време на терапија со антибиотици.
Производство на енергија.
Витаминот Б1 е потребен за метаболизмот на јаглехидратите кои ги трошиме преку гликозата. Недостатокот на кој било од овие Б-витамини може да предизвика намалено производство на енергија, поспаност и замор.
Здрав нервен систем.
Комплексот Б-витамини е суштински за здраво функционирање на нервниот систем. Недостатокот на кој било од овие Б-витамини може да предизвика чувство на стрес, неизвесност и депресија.
Добро варење
Комплексот Б-витамини е неопходен за добро варење. За добро варење од животна важност се витамините Б1, Б2, Б3 и Б6. Недостатокот на кој било од овие Б-витамини може да предизвика нарушено варење и недостаток на суштинските хранливи материи.
Здрава кожа, нокти и коса
Кожата, косата и ноктите се во постојан раст. За да обезбедиме нивно подобро здравје ние имаме потреба од Б-витамините. Недостатокот на кој било од овие Б-витамини може да предизвика: кожа со сив пигмент, обојување на кожата, брчки, акни на лицето, вцрвенување, паѓање и слабеење на косата и кршење на ноктите.
Дозирање:
0-1 година по препорака од педијатар.
1-3 години – 1 x 5 мл/ден.
4-6 години – 1 x 7,5 мл/ден.
над 6 годин – 1 x 10 мл/ден.
Предупредување: да не се пречекорува препорачаната дневна доза. Да се чува на ладно и суво место. Да се избегнува директна изложеност на топлина.