Spirulina Hawaiian прашок 142g :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Spirulina Hawaiian прашок 142g


  • Шифра: 0016197
  • Производител: Nutrex
1.685 ден.

Spirulina Hawaiian прашок 142g.

65% лесно сварлив протеин.
23 пати повеќе железо од спањаќот.
25 пати повеќе бета-каротен од морковот.
5 пати повеќе калциум од млекото.
Eнергија за сите возрасти.
Спирулина е модро-зелена микроалга која се консумирала уште од времето на древните Ацтеки. Таа содржи извонредна комбинација на преку 100 важни хранливи состојки. Тие се во својата изворна форма, без додатоци. Идеална за сите оние кои сакаат целосен прехранбен додаток наместо вештачки извори на храна.

ЗОШТО ЛУЃЕТО ЈА УПОТРЕБУВААТ HAWAIIAN SPIRULINA И ЈА НАРЕКУВААТ СУПЕР ХРАНА?

Најдобар природен извор на биолошко железо (65 пати повеќе од спањаќот) и селен.
35 пати поголема концентрација на бета каротен од морковот.
3 пати повеќе витамин Е отколку во пченичните ‘ркулци.
65% лесно сварлив комплетен протеин со сите есенцијални амино киселини во совршена рамнотежа (2 пати повеќе протеини од сојата и 3 пати од рибата).
Витамини од групата Б, особено Б-12, Б-1 (тиамин) и Б-3 (ниацин)
Најбогат извор на Гама линоленска киселина во природен облик, која ја нема во традиционалната исхрана (ја има уште само во мајчиното млеко).
10 пати повеќе калциум од млекото.
Единствен извор на антиоксидантот фикоцианин.
Содржи повеќе ензими во однос на други слични производи, особено Супер оксид дисмутаза.
95% искористеност на хранливите состојки.
Без маснотии.
ЧИСТА ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА КОРИСНА ЗА СЕКОГО.

Консумирањето Hawaiian Spirulina се препорачува за сите возрасти. Hawaiian Spirulina е најиспитуван производ – 35 години меѓународни научни истражувања.

ЗОШТО ДА ЈА КОРИСТИТЕ SPIRULINA PACIFICA ОД NUTREX?

Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење, кој комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен производ.


Hawaiian Spirulina е комплетно природен извор на храна. Можете да ја земате во текот на целата година и може да се комбинира со други хранливи додатоци без проблеми.
Не се познати никакви споредни ефекти на Hawaiian Spirulina.


Дози на прашок ½-1 кафена лажица дневно, измешана со џус од овошје или зеленчук (на пр.џус од домати или јаболко).

Инструкции за употреба на Hawaiian Spirulina прашок Измешајте кафена лажичка со Hawaiian Spirulina прашок во чаша со свежо исцеден природен зеленчук или овошје. Додадете хербална сол и бибер за да се засили вкусот на џусот од зеленчук или мед на џусот од овошје. Hawaiian Spirulinaпрашокот оди особено добро со џус од домати, целер или јаболко.