ALVEN 500IU крем 40g :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ALVEN 500IU крем 40g


  • Шифра: 0004626
  • Производител: Alkaloid
220 ден.

ALVEN 500IU крем 40g.

Состав: 

1г крем содржи 500 ИЕ хепарин натриум, 3 мг алантоин, 4 мг декспантенол.

Хепаринот, кој е главна супстанција во препаратот, се наоѓа и во човечкиот организам и манифестира антикоагулантно и антитромботично дејство.

Понатаму, дејствува антагонистички на некои ендогени трансмитери (хистамин, серотонин, ацетилхолин), од каде што произлегува и неговото антиинфламаторно, антиедематозно, умерено спазмолитично и антиалергиско дејство.
Комбинацијата со декспантенол и алантоин овозможува поголема апсорпција на хепаринот.

Профилактика и терапија на нарушувања од венско потекло, како што се: површински тромбофлебитис и флеботромбоза (воспаление на вените), флебитис по паравенски аплицирана инекција, посттромботичен синдром, проширени вени, улкус на потколеницата (ulcus cruris), тапа болка во потколеницата, едем како резултат на венска инсуфициенција.
Терапија на оток или на хематом по случајни или по спортски трауми, како што се: контузија, дисторзија, луксација или фрактура на коска.
Забрзување на заздравувањето на постоперативните рани и терапија на лузни.
Терапија на тендовагинитис, бурзитис, епикондилитис.


Употреба: лесно се втрива на заболеното место 2-3 пати на ден.


Alkaloid

Alkaloid