KANOIL 10% CBD Масло од коноп 10ml
- Шифра: 0013629
- Производител: Replek
KANOIL 10% CBD Масло од коноп 10ml.
КАНОИЛ® 10% CBD масло е маслен екстракт од растението канабис или коноп, што е едногодишно тревесто растение. Маслениот екстракт e со докажано отсуство на пестициди и хербициди во производот. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува највисок квалитет на маслениот екстракт. КАНОИЛ® 10% CBD маслото од коноп може да содржи канабиноиди, примарно CBD (Cannabidiol), CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија. Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и предизвикуваат имуномодулаторен ефект (го подобрува имунолошкиот систем). КАНОИЛ® 10% CBD маслото од коноп може да содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, B1, B2, B6, C, D, Е, F), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба. КАНОИЛ® 10% CBD маслото од коноп содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) количини под 0,2%. КАНОИЛ® 10% CBD маслото од коноп може да помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст. КАНОИЛ® 10% CBD маслото од коноп не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.
Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ® 10% CBD маслото од коноп се манифестираат и при:
Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, помага во одржување на балансот на цревната флора;
Ублажува состојби на болка од различно потекло, зарaди неговото противвоспалително дејство.
Може да се употребува и при превенција од кардиоваскуларни болести – помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, делува кардиопротективно, може да помогне во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогне во регулирање на покачена концентрација на гликоза во крвта.
Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми;
Возрасни
КАНОИЛ® 10% CBD маслото од коноп се употребува еднаш до двапати дневно, препорачливо наутро и навечер.
Се капнуваат 5 капки под јазикот и се задржуваат околу 60 секунди пред да се голтне.
Деца до 14 години
КАНОИЛ® 10% CBD маслото од коноп се употребува еднаш дневно. Се капнуваат 1-2 капки под јазикот и се задржуваат околку 60 секунди пред да се голтне. По препорака на лекар дозата може да се зголеми. КАНОИЛ® 10% CBD маслото е погоднo за дијабетичари и популација на вегетаријанска исхрана.
КАНОИЛ® 10% CBD маслото од коноп се зема со капнување под јазик.
Пред употреба треба добро да се протресе. Пред употреба, шишенцето со маслото треба да се загрее со држење во дланките и убаво да се промеша.