UROIAL ќесички, 14 ќесички.
UROIAL е уникатна комбинација на состојки која со своето синергетско, антиадхезивно, антиинфламаторно, заштитно и регенеративно дејство претставува ефикасно решение во лекувањето на акутно и повторено воспаление на мочниот меур и уринарните канали.
Д-манозата е едноставен шеќер кој откако ќе се апсорбира во организмот не се користи, туку се елиминира преку бубрезите и достигнува високи концентрации во уринарниот тракт, каде што го врши своето антибактериско дејство. Го спречува прицврстувањето на бактериите на слузницата на мочниот меур и каналите со врзување на фимбриите тип 1 преку конкурентна патека.
Хијалуронската киселина и хондроитин сулфатот се главните молекули кои рамномерно ја покриваат мукозната мембрана на уринарниот тракт, спречувајќи ги токсичните ефекти на молекулите од урината. Покрај заштитниот и подмачкувачки ефект во соодветна концентрација во мочниот меур, тие можат да имаат и регенеративно дејство на слузокожата на уринарниот тракт.
Витаминот Ц има познато антиоксидантно дејство кое помага да се зајакне одбраната на телото. Намалувањето на pH вредноста на урината ја зголемува нејзината киселост, а со тоа придонесува за создавање на неповолна средина за размножување на бактерии.
Во третманот на циститис како додаток на антибиотици: растворете две кесички дневно директно во устата во текот на 7 дена, а потоа една кесичка дневно најмалку една недела.
За профилакса кај пациенти склони кон чести уринарни инфекции: растворете по една кесичка дневно директно во устата најмалку 14 дена.