INSTITUTE заштитна маст за пеленски осип 100ml
- Шифра: 1000640
INSTITUTE заштитна маст за пеленски осип 100ml.
Кожата на новороденчињата во првите месеци по раѓањето е нежна и чувствителна на надворешни влијанија. Заштитната маст за нега е специјално формулирана за да обезбеди нега и заштита од надворешни надразнувачки агенси, особено на кожата во пеленската регија.
Избалансираниот состав од цинк оксид, кокосово масло, вазелин, какао путер и ши путер придонесуваат за зајакнување и одржување на здрава бариерна функција на кожата, нејзино навлажнување и ублажување на црвенилото и иритацијата. Доколку се нанесува при секоја промена на пелените, спречува појава на пеленски осип, интензивно ја негува нежната бебешка кожа и воедно штити од надворешни влијанија. Кокосовото масло ја подобрува влажноста на кожата, ја штити од инфекции и игра улога во намалување на воспаленијата. Погодна е за употребa кај сите возрасти.
Маста се нанесува на чиста и сува кожа во тенок слој при секоја промена на пелените.
Доколку се појави реакција на пречувствителност на некоја од состојките на маста, да се прекине со употреба.
Доколку црвенилото не се смири или има знаци на инфекција, потребно е да се консултира лекар.
Само за надворешна употреба.