Babyline килибарно ѓерданче :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Babyline килибарно ѓерданче


  • Шифра: 0031544
1.190 ден.

Babyline килибарно ѓерданче.

При изработката на ѓерданчето Baby Line првенствено е земена во предвид безбедноста на Вашето дете. Ѓерданчињата на Baby Line се многу издржливи и наменети исклучиво за носење, а не за глодање. Ѓерданчето се состои од низа килибарни бројаници поединечно врзани во јазол. Како резултат од неадекватно користење, ако дојде до кинење на ѓерданчето, нема да се расипе, туку ќе отпадни само една бројаница, така да нема опасност од задушување. Секое ѓерданче има специјално дизајнирано копче кое многу лесно се отвара и затвора. При изработката на копчето не се користени метали или слични материјали кои може да направат иритација кај децата.

Со купување на ѓерданчето на Baby Line добивате сертификат за автентичноста на производот. Исто така, има и решение за здравствената исправност на производот. Прочитајте повеќе на нашата интернет страница.
Упатство за правилно користење на ѓерданчето на Baby Line
• Носењето на ѓерданчето на Baby Line се препорачува над 3 месеци
• Ѓерданчето треба да се носи така што ќе биде во непосреден контакт со кожата
• Ѓерданчето е наменето исклучиво за носење, а не за глодање
• Се препорачува отстранување на ѓерданчето додека бебето спие
• Ѓерданчето не треба да се изложува на јако хемиски средства како алкохол, ацетон, детергенти и слично.

Начин на делување:

За време на загревањето на ѓерданчето од телесната температура, килибарот ослободува од своите лековити масла. Овие масла содржат килибарна киселнина која лесно се апсорбира во кожата, а потоа во крвотокот. Балтички килибар, од околу 350 видови на килибар кои се наоѓаат во природата, поседува најголема концентрација на килибарна киселина (3-8%), а тоа е она што го прави посебен. Позитивното влијание на килибарната киселина ја докажа Роберт Кох, добитник на Нобелова награда и открил дека нема негативно влијание од нејзиното акумулирање во човечкото тело. Носењето на ѓерданчето на Baby Line може значајно да ги ублажи симптомите поврзани со никнување на првите заби, како што е недостаток на апетит, желудочни проблеми, црвенило на образите, болки во увото температура и настинки.

Одржување:

По потреба ѓерданчето на Baby Line може да се мие со млака вода. При сушењето треба да се внимава да не се изложува на висока температура. Пожелно е да се исуши на сонце.