EsenBak KIDS DIRECT ќесички, 10 ќесички
- Шифра: 0030767
- Производител: ESSENSA
EsenBak KIDS DIRECT ќесички, 10 ќесички.
EsenBak Probiotik Direct содржи бифидобактерии и лактобацили, најзначајни пробиотски бактерии во цревата, чија примена е индицирана во состојби која рамнотежата на цревната флора е нарушена. Погоден е за примена како при дијареа или затвор, така и превентивно заедно со терапија со антибиотици или после примена на истите.
Произведен е со специјална, патентирана технологија која обезбедува исклучителна стабилност на 20 милијарди вијабилни бактерии по доза, со што се остварува силно дејство и максимална ефикасност на производот со цел колонизација на цревниот тракт со “добри” бактерии и заштита од “лоши”, патогени бактерии.
Благодарение на своите антимикробни,имуномодулаторни и антиоксидативни ефекти, овие пробиотски соеви помагаат во отстранување на стомачните тегоби и го зајакнуваат имунитетот. Со нивната метаболитичка активност во цревата се подобрува апсорпцијата на витамините и останатите хранливи материи и доаѓа до создавање на средина која го спречува растот на патогените бактерии.
Истражувањата покажале дека, покрај влијанието на здравјето на дигестивниот тракт, сојот Lactobacillus rhamnosus Lr-G14, присутен во EsenBak Probiotik Direct остварува и антиалергиско дејство и допринесува до побрзо опоравување кај респираторните инфекции.
EsenBak Probotik Direct содржи и ДХА (докозахексаенска киселина), омега 3 масна киселина која допринесува во одржување на нормална функција на мозокот и одржување на нормален вид, па е особено важна во исхраната на децата, каде го поттикнува правилниот развој на нервниот систем и видот.
EsenBak Probiotik Direct е со пријатен вкус на јагода и млеко, може да се користи директно, да се раствори во млеко или да се посипе по храна, што му овозможува едноставна примена.
Само една кесичка дневно е подеднакво делотворна , како кај возрасни, така и кај деца над една година.