PROBIEN DIRECT ќесички, 20 ќесички
- Шифра: 1005626
- Производител: FORTEX
PROBIEN DIRECT ќесички, 20 ќесички.
Probien Direct Synbiotic од Fortex е синбиотик, оптимална комбинација на пробиотик и пребиотик, во форма на ородисперзивни кесички. Пробиотиците придонесуваат за нормален развој на цревната микрофлора и обезбедуваат побрзо закрепнување кај стомачните заболувања. Тие ја зајакнуваат цревната слузница и механички ја штитат, намалувајќи ја апсорпцијата на штетните материи низ цревата. Корисните бактерии во цревата создаваат ензими и биохемикалии кои му помагаат на имунолошкиот систем да функционира и ги уништуваат патогените микроорганизми. Lactobacillus acidophilus е природна компонента на човечката микрофлора, која обезбедува правилна апсорпција на хранливи материи. Тој произведува антитела и го стимулира имунолошкиот одговор против патогени микроорганизми. Додадениот инулин е пребиотик кој го надополнува и го подобрува дејството на пробиотските соеви. Пребиотиците обезбедуваат средина - соодветна pH вредност и хранливи материи - поволни за подобар развој на корисни микробиотски бактерии. Инулинот во Probien Direct е во форма на 100% растворливи и безбедни влакна од цикорија, составени од фрукто-олигосахаридни и полисахаридни синџири.
Начин на употреба:
Една ќесичка дневно.