Biostatine Forte таблети, 30 таблети
- Шифра: 1005608
- Производител: Pharmalife
Biostatine Forte таблети, 30 таблети.
Го подобрува липидниот статус, го штити срцето и крвните садови.
Биостатин форте е додаток во исхраната со ферментиран црвен ориз, екстракт од лист од артичок и биофлавоноиди од цитрус, за одржување на нормално ниво на липиди во крвта.
Растителните екстракти се со висок квалитет, прочистени и стандардизирани за активни супстанции. Со нивниот заеднички ефект, тие ефикасно ги намалуваат вредностите на вкупниот холестерол, LDL и триглицеридите.
Монаколин К од црвениот ориз е природен статин (ловастатин) и придонесува за одржување на нормално ниво на холестерол во крвта. Поволен ефект се постигнува со дневен внес од 10 mg монаколин К.
Екстрактот од лист од артичок ја намалува апсорпцијата на холестеролот и неговата синтеза. Го намалува вкупниот и ЛДЛ холестеролот, умерено го зголемува ХДЛ холестеролот. Ја подобрува функцијата на ендотелот на крвните садови при хиперхолестеролемија.
Цитрусните флавоноиди значително делуваат на зачувување на еластичноста и функцијата на крвните садови, како и на запирање на процесот на атеросклероза и формирање на тромб во вените.
Таблетите биостатин форте се препорачуваат како додаток во исхраната за лица со покачен холестерол и триглицериди во крвта, како и за пациенти кои имаат несакани ефекти од терапијата со хемиски статини.