TRACHISAN пастили за грло, 20 пастили
- Шифра: 0002461
- Производител: Engelhard Arzneimittel
TRACHISAN пастили за грло, 20 пастили.
1 пастила содржи: лидокаин хидрохлорид . . . 1 mg хлорхексидин диглуконат . . . 1 mg тиротрицин . . . 0,5 mg
Трахисан пастилите содржат активни компоненти кои имаат аналгетски и антимикробни својства.
Употреба: Трахисан пастилите се употребуваат како лековито средство при воспаленија во усната шуплина и грлото како стоматит, гингивит, парадонтоза, глосит, тонзилит, фарингит, дисфагија. Во профилактички цели за спречување на инфекции пред и по хируршки интервенции во усната шуплина и грлото.
Дозирање: Возрасни и деца над 7 години земаат по една пастила, која треба бавно да се шмука, на секои 2 часа. Максимална дневна доза за деца е до 6 пастили, а за возрасни до 8 пастили. При редовна употреба на препаратот симптомите исчезнувааат по неколку дена. За максимална ефикасност на терапијата, истата треба да се продолжи и 2-3 дена по исчезнување на симптомите. Доколку нема подобрување уште во првите 10 дена, потребна е консултација со лекар. Трахисан пастилите ако не се пропишани од лекар или стоматолог, не треба да се земаат повеќе од 6 седмици без прекин.