Multi-Mam BabyDent смирувачки гел 15ml
- Шифра: 1004010
- Производител: BioClin BV,The Netherlands
Multi-Mam BabyDent смирувачки гел 15ml.
Kaj бебето почнуваат да никнуваат заби помеѓу 6 и 24 месеци, понекогаш и порано. Проблеми кои се јавуваат при никнувањето на забите: Првите знаци и симптоми на никнувањето на забите се: Ставање на раце или други предмети во устата, Лачење на плунка и отекување на непцата на места каде што забите продираат низ непцето. Повеќето проблеми се јавуваат четири дена пред и траат до три дена по никнувањето на забите. Во овој период, бебињата може да имаат различни проблеми. Некои се поедноставни, како што се непријатност во пределот на непцата и вилицата, отекување на непцата, поинтензивна саливација и може да се појават посистемски проблеми, како што се: треска, дијареа и намален апетит. Multi-Mam BabyDent - Смирува и го олеснува продирањето на забите кај бебињата
Природен е, безбеден, дури и ако се проголта.
Не содржи конзерванси, алкохол или состојки од животинско потекло.
Без шеќер.
Не ги оштетува и не ги валка забите.
Има пријатен вкус.
Не содржи синтетички анестетик.
Multi-Mam BabyDent ги смирува непцата, ја намалува непријатноста и отокот, при избивање на забите. Multi-Mam BabyDent совршено се прилепува на непцата и формира мек слој и ги смирува чувствителните непца. Активната компонента на биоактивниот гел е патентираниот 2QR комплекс. Упатство за употреба Multi-Mam BabyDent гел Нанесете голема количина Multi-Mam BabyDent гел на чувствителни непца, онолку често колку што сметате дека има потреба. Масирајте го гелот во непцата со чист прст или мека четка за заби. За да може да делува што е можно подолго, се препорачува детето да не пие ништо извесно време по нанесувањето на гелот За дополнителен смирувачки ефект, Multi-Mam BabyDent може да го чувате во фрижидер (на 2 - 8 ° C). Оладениот гел веднаш ја ублажува непријатноста.